Многу вкусно јадење, едноставно се приготвува и не одзема премногу време, се пече за еден час.
Потребни состојки:
1 ½ кг исчистен компир
½ кг мелено месо
50 мл вода и уште малку ако има потреба
1 главица кромид
3 чешниња лук
20 г путер
250 г грашок од конзерва
2 киселкасти јаболка
1 рамна лажичка сол
½ лажичка црн пипер
1 рамна лажичка црвен пипер
200 мл павлака за готвење
Постапка:
Растопете парче путер во поголем сад, па додадете ситно сечкан кромид и малку пропржете го. Додадете ситно сечкан лук, мелено месо и налејте со 50 мл вода. Динстајте додека месото да добие убава боја. По потреба, ако испари целата вода, налејте уште малку.
Додека го динстате месото, излупете го компирот и исечкајте го на ситни коцки. Исчистете ги јаболката (ако не ја сакате оваа комбинација, прескокнете ги, но верувајте дава убав вкус), па исечкајте на парчиња. Грашокот исцедете го.
Кога месото е издинстано, додадете сол, црвен пипер, црн пипер и промешајте. Во месото додадете компир, грашок, павлака и се’ останато па промешајте и на крај додадете ги јаболката.
Малку намастете го садот во кој ќе печете. Пожелно е садот да има капак, а доколку нема поклопете со алуминиумска фолија. Ставете така поклопено да се пече на 200 степени околу 45 минути. За тоа време можете еднаш или двапати да промешате, па повторно да поклопите и да го вратите назад да се крчка.
Потоа тргнете го капакот или алу-фолијата и ако можете засилете ја малку рерната одозгора, па така печете уште 15-тина минути, малку да се запече, да не биде воденесто.
*Времетраењето на печењето најмногу зависи од вашата рерна.