Фото и рецепт: Натали Тихова
Потребни состојки
500 г готови кори
5 јајца
100 мл масло + за полевање одозгора
150 г кисело млеко (1/3 од канчето)
250 мл газирана вода
сода бикарбона на врвот од лажицата
неколку капки оцет
300 г димена сланина
сирење дробено околу еден калап по избор +-
кашкавал за наросување
Постапка:
Гибаницата ја приготвувам во намастена тркалезна висока тепсија зошто убаво нараснува.
Јајцата изматете ги во подлабок сад.
Во канчето со 1/3 кисело млеко ставете сода колку на врвот од лажичката и неколку капки оцет за да се угаси.
Мешаме и чекаме да се смири, па млекото го додаваме во јајцата, заедно со 100 мл масло, газираната вода и дробено сирење, полека и внимателно да не излезе гасот и да остане воздушесто.
Пушената сланина ја сечкаме на коцкички.
Во намастената тепсија гужваме/редиме по две кори, полеваме со смесата и наросуваме од сечканата сланина. И така продолжуваме до крај.
Врз последната кора ја истураме преостанатата смеса со јајца, ставаме парченца путер и печеме во загреана рерна на 170-190 степени додека да добие убава златно кафеава боја.
Пред самиот крај наросете рендан кашкавал и допечете.
Фото и рецепт: Натали Тихова