Орхидеите го разубавуваат секој простор, меѓутоа, поради нивната деликатна природа, меѓу цвеќињата се познати како „примадони“. Јована Филиповиќ ја откри главната грешка што ја прават многумина.
Орхидеите се исклучително атрактивни растенија кои со својот изглед можат да го разубават секој дом. Се шпекулира дека се премногу тешки за одржување, а љубителите на растенија во затворен простор се обесхрабрени и не се нафаќаат да ја одгледуваат од оваа убавица.
Најголемата грешка што може да се направи при одржувањето е да се остави растението во украсниот сад во кој сме го купиле или примиле. Таквата постапка го спречува растението да дише и како резултат на тоа венее многу порано, а може да добие и некоја болест, па да угине.
За да може вашата орхидеја да цвета што подолго, се препорачува проѕирниот пластичен сад во кој сте го примиле растението да се премести во широка теракота саксија што му овозможува на растението да дише.
Вообичаено, орхидеите се продаваат засадени во мали пластични саксиички кои имаат повеќе дупки на себе. Ова е потребно, зашто орхидејата освен редовно наводнување, бара и добра дренажа, односно мора целосно да се исцеди од водата. Во спротивно ќе почне да гние.
Оваа „неугледна“ саксиичка обично се маскира и се става во друга, малку поголема од неа, украсна саксија. Меѓутоа, најчесто таа саксија е претесна и поради неа орхидејата не добива доволно светлина и не може да се шири.
Затоа, неопходно е да ја преместите во некоја саксија од природен материја, како што е теракотата. Наводнувајте ја според добиените инструкции за поднебјето во кое се наоѓате и повремено прихранувајте ја.
Таа ќе ве награди со долготрајни и раскошни цветови кои ќе ви го разубавуваат домот. Прочитајте: „НА ОВОЈ НАЧИН ГИ ХРАНАМ ОРХИДЕИТЕ: Тие магично цветаат сите 4 сезони“ – ОВДЕ.
НА ОВОЈ НАЧИН ГИ ХРАНАМ ОРХИДЕИТЕ: Тие магично цветаат сите 4 сезони