Дека цените на хрватското приморје се премногу високи, секојдневно во јавноста изнесуваат луѓето кои живеат престојуваат. На оваа тема познатиот хрватски тиктокер на хумористичен начин се зафати со оваа проблематика и предизвика бројни коментари.
Имено, тој објави видео со наслов „Обичен ден на море“, во кое покажува дека во девет часот наутро има 100 евра, дека два часа подоцна му останувата само половина од парите, напладне веќе има само 20 евра.
А, половина час подоцна тој има само 10 и конечно во 13 часот – паричка од 2 евра. За четири дена тоа видео имаше 1,6 милиони прегледи и повеќе од 40.000 лајкови.
Во коментарите луѓето најмногу се согласуваа со тиктокерот и ја поддржаа неговата шега, иако на многумина не им беше до шегување поради таквата скапотија и превисоките цени за услугите.
„Ако заспиете на плажа, заштедувате 50 евра“, е една од духовитите забелешки.