Овој колач има неодолив вкус на чоколадо. Секое парче се топи во уста, љубителите на чоколадото „полудуваат“ за овој колач. Колачот е кремаст, излегува слоевит. Пробајте го рецептот на Ема, за кој таа доби многу пофалби. „Чим го пронајдов рецептот, веднаш си го запишав, а после неколку дена го подготвив кога ми дојдоа пријателките на кафе.
Сите беа изненадени, ми рекоа дека ваков колач не јаделе одамна и тие ми го побараа рецептот. Навистина е многу вкусен и неодолив, секој слој содржи чоколадо, вклучувајќи го и преливот за натопување на бисквитот,“ вели една читателка. Еве што ви е потребно за да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 100 г брашно (1/2 чаша + 3 лажици), 40 г незасладено какао во прав (1/4 чаша + 1 лажица масло), 1 1/2 лажиче прашок за печиво, 1/2 лажичка сол, 150 г шеќер (3/4 шолја), 3 јајца, 130 мл топло млеко (1/2 чаша + 1 лажица), 70 г путер, 30 г чоколадо (50% какао).
ЗА ПРЕЛИВОТ СО ЧОКОЛАДО: 120 мл топло млеко (1/2 чаша), 70 мл ладен крем за готвење (1/4 чаша + 1 лажица масло), 130 г ладно кондензирано млеко (доколку сакате смесата да ви биде послатка, можете да додадете повеќе), 15 г какао во прав (2 лажици), 25 г чоколадо (50% какао).
ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ШЛАГ/КРЕМ: 250 г ладен крем за готвење-неутрална павлака (1 чаша), 60 г темно чоколадо (50% какао), 1 лажица шеќер. Како мерка се користи квадратен или кружен капап со средна големина. Калапот на дното се обложува со хартија за печење и се намастува и набрашнува од страните.
ПОСТАПКА ЗА БИСКВИТОТ: Одделете ги белките од жолчките во посебни садови (претходно отстојани на собна температура). Изматете ги белките со миксер, постепено додавајќи го шеќерот додека да се измикса во цврст снег. Кога шеќерот ќе се растопи.
Во посебен сад измешајте ги какаото со замлаченото млеко со миксер, додека да се соедини смесата без грутчиња. Настрана растопете го чоколадото со путерот, па оставете малку да се олади (да не биде многу врело) и измешајте во смесата со какао и млеко. Измиксајте еднолично, па додавајте една по една од жолчките.
Постепено започнете да ги додавате сувите состојки (брашно, сол и прашокот за печиво). Измешајте нежно со првата брзина на миксерот или со шпатула до соединување. Потоа, додавајте по малку од цврстиот снег од белки, додека двете смеси еднолично да се соединат.
Вака подготвената смеса излејте ја во подготвениот калап. Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени, па бисквитот печете го приближно 25 минути (по потреба и повеќе). Проверете со чепкалка дали е испечен однатре. По печењето, бисквитот се остава малку да се олади, па се подготвува преливот.
ЗА ПРЕЛИВОТ: Во топлото млеко додајте ја павлаката за готвење, кондензираното млеко, какаото и растопеното чоколадо (малку оладено). Измешајте сѐ со жица или маталка, па млакиот прелив прелијте го преку избоцканиот бисквит. Оставете сѐ да впие неколку минути, пред да премачкате од кремот, кој се подготвува на следниот начин:
ЗА КРЕМОТ: Кремот за готвење измиксајте го со растопеното чоколадо и додајте 1 лажица шеќер. Кремот треба да биде цврсто изматен, па потоа се премачкува врз колачот. Добро се израмнува и се остава да се стегне во фрижидер неколку часа пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.