Кога станува збор за замастен црн дроб, обично подразбираме состојба при која доаѓа до таложење на прекумерна количина триглицериди и други видови масти во клетките на црниот дроб.
Замастениот црн дроб (стеатоза) може да биде привремена или долгорочна состојба, која сама по себе може и да не е толку штетна, но може да укаже на други видови проблеми. Обично, стеатозата е реверзибилна доколку се отстранат причините за истата.
Црниот дроб е орган одговорен за промена на мастите внесени преку исхраната, во тип на масти кои се складираат во телото и подоцна се користат како извор на енергија. Кога ќе дојде до нарушување и замастување на црниот дроб, големи масни капки, претежно триглицериди се собираат во клетките на дробот.
Замастениот црн дроб обично нема симптоми и тоа е причината поради која голем број луѓе не обраќаат внимание на овој важен орган, сè додека да прерасне во посериозен проблем.
Нелекуваниот замастен црн дроб може да предизвика состојба наречена „неалкохолно“ замастување на црниот дроб, чија дијагноза најчесто се поставува при ултразвучен преглед на абдоменот. Оваа болест значително го оштетува црниот дроб, а може да доведе и до цироза, која е опасна по живот здравствена состојба.
Лекарите предупредуваат дека присуството на одредени фактори на ризик како возраста и дијабетесот може дополнително да ја влоши состојбата, па затоа е многу важно да се препознаат навиките или факторите кои придонесуваат за таложење на маснотии во црниот дроб.
Како што предупредуваат експертите, постојат дури пет фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на замастен црн дроб. Кои се: дебелина, покачен шеќер во крвта, високо ниво на триглицериди, нездрава или неправилна исхрана и апнеја при спиење.
Иако последниот фактор можеби ви се чини донекаде невообичаен, истражувањата покажаа дека опструктивната ноќна апнеја може да предизвика безалкохолна масна болест на црниот дроб со зголемување на отпорноста на инсулин, дислипидемија и воспаление.
Сепак, може да се појават некои симптоми кои повеќето луѓе не би ги поврзале со замастен црн дроб. Тоа се темно црни столици и темна урина. Во овој случај, треба веднаш да побарате лекарска помош. Повеќе прочитајте ОВДЕ. Прочитајте: Вистини и заблуди за здравата исхрана: детоксикација и чистење на организмот според д-р Чубрило – ОВДЕ.