Шампињоните се многу вкусни и нутритивно богати печурки, а можат да се приготват на најразлични начини, во разни комбинации, а како најбрзо да ги приготвите и притоа да бидат највкусни, прочитајте подолу во рецептот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г шампињони печурки, малку путер или маслиново масло за потпржување на печурките, зачин, главица млад лук, сол, малку рендан кашкавал, свеж лист од магдонос, мелен црн пипер по вкус
ПОСТАПКА: Според Јелена Петровиќ, презентерката на овој рецепт, највкусни се испржени и многу често ги консумира за време на т.н. сирни денови.
Едноставно ги измива и чисти, а потоа им ги вади „нозете“, а капите ги реди во тава и за почеток ги намастува со малку масло или уште подобро, путер.
Може и да искомбинирате, по малку да ставите путер и маслиново масло, но ако немате, можете да се послужите и со обично растително масло. Поклопете ги и ставете ги на умерено ниска температура да се пржат 20-тина минути.
Тие истовремено ќе се пржат, но и ќе се динстаат, зашто ќе испуштат сок и нема потреба да се додаваат дополнителни течности. Сосем на крај кога ќе бидат готови, кој сака може да ги залие со малку вино и да почека тоа да се впие во печурките.
За да добијат на квалитет и да им се збогати вкусот исто така, можете да им додавате различни зачини.
Штом испари течноста од низ и почнат да заруменуваат, додајте им ситно сечкан лук. Најдобар е младиот, но секако, не може да се најде низ целата година, па употребете каков имате.
Кога лукчето ќе се запржи и омекне, додајте една рака рендан кашкавал и продолжете со динстањето на ниска температура додека тој да се растопи.
Посолете и запиперете по вкус, промешајте и исклучете го шпоретот и оставете го неколку минути да отостои поклопено.
Одозгора наросете ситно сечкан свеж магдонос. Послужете како главно јадење или прилог на главното јадење.
Видеопрезентацијата на Јелена погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте уште повеќе рецепти за подготовка на шампињони, на најразлични начини – ОВДЕ.