Д-р Филгуд раскажа сè за опасностите од популарните диети кои со воодушевуваање се прифаќаат од луѓето кои имаат проблем со вишок килограми, а ги препорачуваат дури и некои нутриционисти со кој тој не се согласува и откри кој е „магичниот“ лек за слабеење кој носи сигурни резултати.
Доктор Саша Плеќевиќ, попознат како доктор Филгуд, гостувајќи во емисијата „Утро“ на ТВ Прва ги откри сите маани на популарните диети како што се: автофагија, кето и соковите за детоксикација.
Според него, ваквите диети можат да бидат многу контрапродуктивни, а објасни и на кој начин тие штетно му делуваат на организмот.
На пример, тој тврди дека автофагијата доведува до зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања, наспроти тврдењето дека 16 часовно гладување ќе го поттикне организмот на еден вид „рестарт“, односно самообнова и ќе се „исчисти“ од вишокот непотребен материјал во себе.
„Недостатокот на оваа популарна „диета“ наречена „автофагија“ е што луѓето се премногу гладни во текот на денот и не можат да издржат.
Не е здраво, ако јадете 4 часа, а не јадете 20 часа, по одредено време вашиот метаболизам се забавува, па дури и ако јадете помалку, вие ќе почнете да се дебелите“, објасни тој.
„Со кето диетата (која налага внес на протеини и масти), пак, се претерува со намалување на јаглехидратите кои му се потребни на организмот за енергија, па затоа телото мора да се снабдува со енергија од маснотиите“, истакна тој.
Тој исто така тврди дека големото количество на масти и протеини во телото не е здраво, а дека мастите лесно можат да доведат до дијабетес. „Мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката“, вели тој.
Многу популарен метод на детоксикација за слабеење стана детоксикацијата со сокови, а д-р Филгуд тврди дека на овој начин организмот се доведува во дефицит и дека на тој начин не му се обезбедува ништо.
„Сок од исцедени четири портокали само поминува низ стомакот.
Феноменално е ако сакате да добиете инсулин или дијабетес“, категорично рече тој, потсетувајќи дека на тој начин се внесуваат само чисти овошни шеќери-фруктоза, без диетални влакна и се прави брз скок на инсулинот.
„Точно е дека постои добра и здрава детоксикација со соковите на „Бројс“, но таа се спроведува кај онколошки пациенти на клиника во Швајцарија, под строго контролирани услови.
Ризиците од ацидоза се присутни со секое претерување со овошните сокови. „Дури и водата со лимон нема никаква корист“, тврди тој.
Меѓу другото, тој истакна дека најдобро би било да се испие чаша обична вода. А, откри и „магичен„ трик за слабеење:
„Волшебниот лек за слабеење е умереноста и физичката активност“, заклучи доктор Филгуд, и потсети што треба да направите ако сакате да бидете како „авион“ до почетокот на летото.
Летото е пред нас и сè повеќе луѓе почнуваат да размислуваат за својата исхрана, се качуваат на вага, ги пробуваат ланските летни алишта и сфаќаат дека ова зимо и пролет ставиле нешто повеќе килограми отколку што им се потребни за да изгледаат фит.
Летото се ближи и веќе многумина започнаа да применуваат некои од ригорозни диети со цел да ослабат на време пред летната сезона.
Она што секого секогаш го интересира, е колку брзо можеме да ги намалиме вишокот килограми.
„Сè зависи од полот, возраста, физичката состојба на тоа лице, моменталната тежина… Тој што тежи 120 килограми а треба да тежи 80, може да изгуби 15-20 килограми за еден месец.
Сè зависи од тоа каква тежина имате и колку треба да имате. Друга работа, не секое слабеење е здраво.
Вистинско и единствено здраво слабеење е кога ќе ги намалите маснотиите, а не мускулите, течностите, минералите, витамините… “. Потребни се 4 важни работи да направите ако сакате да ослабете. Прочитајте ОВДЕ.