Оваа торта ја направив за роденденот на брат ми и целата се изеде уште истата вечер, зашто секој побара уште по едно парче. Ваквите торти обично се прават во специјални калапи со флексибилен обрач, но ако немате, можете да ја направите во тенџере како што направив јас.

Едноставно, обложете ја целата внатрешност на тенџерето со проѕирна леплива фолија, па потоа редете фил-пишкоти-фил-пишкоти, па следниот ден преку тенџерето ставете десертна чинија или послужавник, па превртете го тенџерето наопаку за да излезе целата торта. И, секако, отстранете ја фолијата и декорирајте по желба. Рецепт на Марија Стаменковиќ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голема кутија пишкоти или бисквити по ваш избор, 500 мл слатка павлака за шлаг, 400 г кисела павлака, 200 г крем сирење, 500 г јагоди (или друго бобесто овошје по желба), малку сол од јагодите за натопување на пишкотите), 2 кесички желатин, 1 кесичка шкаг крем, 100-150 мл млеко за шлаг кремот, 5 лажици шеќер во прав

ПОСТАПКА: Јагодите измијте ги, исцедете ги, исчистете ги од зелените ливчиња и ситно исечкајте ги. Пишкотите исечете ги на половини (по должина). Во една чинија изматете го крем сирењето (маскарпоне, филаделфија, абц..или по ваш избор).

Постепено започнете да ја додавате киселата павлака и на крај шеќерот во прав, па сето заедно соединете го и изедначете го во мазен крем. Во друга чинија изматете ја слатката павлака додека да згусне како шлаг, па постепено додајте ја во претходната смеса и соединете.

Желатинот пригответе го според упатството на кесичката, натопете го во ладна вода, па кога ќе набубри растопете го во микробранова печка или на пареа и додајте го филот. Изматете со миксер за да се распореди. На крај додајте ги сечканите јагоди и промешајте со лажица.

На дното од калапот наредете половина од пишкотите претходно кратко натопувани во сок од јагоди (или сок од портокал или млеко..), па преку нив распоредете половина од филот со јагоди, израмнете, па преку филот наредете го остатокот од пишкотите (натопувани во сок).

На крај преку пишкотите распоредете го преостанатиот фил од јагоди. Убаво израмнете и целата торта оставете ја да преноќи во фрижидер, па следниот ден отстранете го обрачот (или тенџерето) и премачкјате ја целата торта со изматен шлаг крем. Декорирајте по желба. Рецепт на Марија Стаменковиќ.