Често поради работните обврски немам многу време да подготвувам ручеци, а со сопругот сакаме да јадеме домашно зготвено јадење. Во потрага по брзите рецепти, го пронајдов овој рецепт од кој не се растегнуваат домашни кори, ниту се користат купечки. Се подготвува само излеана смеса која при печење се стегнува како пита.
Оваа таканаречените пити без кори е толку многу вкусна и здрава, што со сопругот ни стана омилено јадење. Рецептот им го пратив и на двете снаи кои при една посета, многу ја пофалија оваа пита. Зеленчукот и зачините се мешаат и во нив се додава брашно, јајца и други состојки за тестото. На крајот се пече питата и има одличен вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 лажици масло, 1 главица кромид, 2 средни компири, 400 г зелка, 1 морков, 3 зелени пиперки, 1/2 црвена пиперка, 1 лажичка мелена лута пиперка, 1 лажичка црвена зачинска пиперка, 1 лажичка сол.
За смесата: 3 јајца, 170 мл млеко, 170 мл јогурт, 45 мл масло, 2,5 лажици брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка црн пипер, 1 кесичка прашок за печиво, малку магдонос, 200 г тврд кашкавал.
ПОСТАПКА: Настрана исечкајте го кромидот на ситни коцки, па во тавче со малку масло пропржете го. За кромидот да го добие оној убав вкус, пржете го на тивко со повремено мешање. Кога кромидот ќе зарумени и ќе се карамелизира, додајте ги ситно исечканите компири.
Потоа, додајте ја зелката исечкана на ленти, како и ренданиот морков и сечканите пиперки. Промешајте и покријте, па гответе додека зеленчукот да омекне. Покријте со капак и пржете неколку минути, а повремено тргајте го капакот и промешувајте го зеленчукот.
При крајот од готвењето, зачинете по вкус и измешајте, па покријте и пропржете го зеленчукот уште сосем краток период. Во подлабок сад подгответе ја смесата која се излева врз зеленлукот. Скршете ги јајцата, па додајте млеко и јогурт, масло, брашно, сол, црн пипер, прашок за печиво и малку сечкан магдонос.
Мешајте постојано со жица или маталка при секое додавање на следната состојка. Формирајте течна и еднолична смеса. Додајте го зеленчукот во смесата и добро измешајте. Излејте ја смесата во огноотпорен сад подмачкан со масло и наросете со рендан кашкавал, по ваш избор.
Вака подготвената смеса се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени и се пече 30-35 минути, односно додека да порумени. Кашкавалот треба да фати коричка и да добие златна боја. По печењето, питата се остава малку да се олади, па се послужува на коцки. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.