Многу е едноставна и многу е вкусна, па пробајте.
Потребни состојки:
200 г мелени бисквити плазма
125 г путер
2 лажици мед
3 лажици нутела или друг крем
За фил:
500 мл слатка павлака за шлаг
200 г млечно чоколадо
200 г бело чоколадо
2 шлаг крем од ванила
150-200 мл млеко за шлаг кремот
Постапка:
Мелената плазма, путерот и медот ставете ги во еден сад и измиксајте ги. Смесата ставете ја на дното од калапот и рамномерно распоредете со раце.
Кората премачкајте ја со нутела и ставете во фрижидер да се стегне.
За тоа време пригответе ги филовите.
Во 250 мл измиксана слатка павлака ставете растопено на пареа млечно чоколадо, а во преостанатите 250 мл ставете бело чоколадо.
Кората премачкајте ја со бел фил, потоа со црн и на крај премачкајте со шлаг крем од ванила. Тортата оставете ја во калап преку ноќ да се стегне убаво во фрижидер.