Кифличките-ролати се многу вкусни и ровки, излегуваат 80 колачиња и што е најважно од сѐ, стојат многу долго и ја задржуваат текстурата како кога се свежи. Секое парче се топи во уста, овој рецепт е вистински благослов. Порано, нашите баби и прабаби вака подготвуваа колачиња и ги редеа на секоја маса по една чинија.

Филот со ореви е еден од највкусните филови, а по желба може да додавате и други состојки во него. За мене најубав е овој фил, бидејќи е наједноставен и дава многу добар вкус на колачињата. Доколку ви се премногу колачиња, можете половина од тестото да го замрзнете во фрижидер. Може да стои до една седмица. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 650 г пченично брашно, 300 г ладен путер, прстофат сол, 1 лажиче сода бикарбона, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 лажиче лимонов сок, 400 г павлака 30%. За филот: 200-400 г ореви, 100-200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и 200 г за наросување на колачињата.

ПОСТАПКА: На рамна, работна површина истресете го брашното и направете го да изгледа како пирамида. Путерот исечете го на средни коцки и наредет ги врз брашното. Со лесно притискање, соединувајте ги парчињата путер со брашното додека целосно да се растопат во него.

Овој процес може да трае и подолго бидејќи путерот потешко се соединува, но во секој случај, постапката не е воопшто тешка. Внимавајте да не останат поголеми грутчиња од путерот, треба целосно да се впие во брашното, така што брашното ќе пожолти и ќе остане суво.

Направете мала вдлабнатина на средина и додајте прстофат сол, сода бикарбона, ванилин шеќер, лимонов сок и павлака. Со постепено нафрлање на брашното од страните замесете мазно тесто со средна цврстина. Вака подготвеното тесто ставете го во кеса и чувајте го во фрижидер 1 час, а ако немате време, 20 минути во замрзнувач.

Потоа, извадете го од фрижидер, обликувајте го во тенок валјак и поделете го на 10 еднакви дела. Обликувајте ги во топчиња, наредете ги на набрашнета чинија, покријте ги и оставете ги уште 1 час во фрижидер или 20 минути во замрзнувач. Потоа, секое топче развлекувајте го со оклагија во тенка кора, како лист хартија.

По потреба додавајте брашно на тестото или на оклагијата за да не ви лепи. Пречесете ја кората на 8 еднакви парчиња, како пица и на секој поголем крај ставајте по 1 лажица од филот. За филот: измешајте ги оревите, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер.

Обликувајте ги кифличките, така што од подолгата страна кај што е филот, ќе ги превиткате од страните, па ќе завиткате како мало ролатче или кифличка. Вака подготвените кифлички редете ги на плех, обложен со хартија за печење.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени, приближно 5-7 минути додека да заруменат, па уште 20 минути, на 170 степени. По печењето, оставете малку да се оладат и валкајте ги во шеќер во прав. Деталите погледнете ги ОВДЕ.