Кога ќе отидам кај дедо ми на ручек, уште од вратата се чувствува прекрасен мирис на готвено јадење. Едни од најубавите јадења ги јадам кај него дома и многу рецепти што се запишани во мојата стара тетратка, се излезени од неговите вешти раце. Тој секогаш ми вели: „Готви вкусно и домашно, така е најздраво.“
Рецептот за џиновски ќофтиња од 1 кг месо е негов стар изум за кој сите соседи знаат и му бараат рецепт. Овој економичен рецепт со месо се подготвува за кратко време, а бидејќи веднаш заситува, може да имате ручек и за два дена. Ќофтињата се подготвуваат многу брзо, одлични се за оние кои немаат многу време да готват. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг мелено месо, 2 компири со средна големина, 2 главици кромид, 2 средни моркови, 1 црвена пиперка, магдонос и копар, 4 чешниња лук, 2 јајца, сол, црвена зачинска пиперка, црн пипер. И уште (опционално): сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажица 9% оцет, 2 лажици масло, 50 мл вода, 2 главици кромид, магдонос и копар, 200 г солена зелка, 2 кисели краставици, 1 кромид, 2-3 лажици маслиново масло и црн пипер.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го меленото месо. Компирите измијте ги и излупете ги, па изрендајте ги на најкрупната страна од рендето. Малку процедете ги од сокот, па додајте ги во меленото месо. Излупете две главици кромид и изрендајте ги на истата страна како компирите. Додајте во останатите состојки.
На истиот начин се подготвуваат и морковите. Црвената пиперка исчистете ја од дршката и од семките, па исечете ја на ситни коцки. Додајте ја во останатите состојки и малку промешајте со лажица, додека сѐ да се соедини. Половина китка магдонос исечкајте на ситно, па додајте во останатите состојки.
Чешнињата лук поминете ги низ преса или ситно исечкајте ги директно во смесата. Додајте 2 јајца, 1 лажичка сол, црвена зачинска пиперка, црн пипер и сув копар. Соединете ја смесата со раце додека сите состојки фино да се распоредат.
Од вака подготвената смеса обликувајте големи ќофтиња (како што е прикажано на сликата). Ќофтињата обликувајте ги долгнавести и подебели, па редете ги во плех, обложен со хартија за печење. Внимавајте да не се допираат во плехот. Земете една лажица и со страничниот дел правете мали засеци на површината на ќофтињата.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, приближно 30-тина минути. Во меѓувреме, додека ги чекате ќофтињата подгответе маринада од сол, шеќер, оцет, масло и вода. Кромидот исечкајте го на полупрстени, а истото направете го и со магдоносот. Измешајте сѐ заедно и додајте и малку копар. Оставете зеленчукот да се маринира 30-тина минути.
Настрана подгответе ја солената зелка и исечкајте ги киселите краставици, кромидот. Намастете ја салатата со малку маслиново масло и црн пипер. По печењето, ќофтињата послужете ги со зеленчукот во маринада, а како прилог послужете ја зелката со киселите краставички и кромидот.
Прилогот е секако опционален, ова е само еден предлог од дедо ми за вкусен и здрав прилог, кој е полн со нутриенти. Деталите погледнете ги ОВДЕ.