По рецептот на Александар, направете ги овие здрави чоколадни бонбони од само 3 состојки. Јадете здраво и многу вкусно, овој десерт навистина е штета ако не го пробате. Бонбоните се натопуваат во чоколадо, а однатре се исполнети со вкусен фил. Целата постапка ќе ви одземе само 10 минути, а потоа се оставаат малку во фрижидер и за кратко можат да се послужат.
Количината на бонбоните ја одредувате по потреба, јас обично подготвувам од 10-20 бонбони и јадам по 2 или 3 на ден, а исто и домашните ги обожаваат. Може да ги чувате во фрижидер или на собна температура. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за здрави сникерс колачиња од неколку состојки. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 10-20 урми или по потреба, паста од кикирики или друг омилен фил, бадеми (колку што има урми – опционално), 100 г темно чоколадо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 170 г урми без семки, 2 лажици путер од кикирики, прстофат сол, +/- 100 г овесно брашно (сомелени овесни снегулки), 60 г кикирики (зедов пржени солени), 100 г чоколадо.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Урмите исчистете ги од внатрешната семка и исечете ги од едната страна за да ја извадите. Наполнете ги со путер од кикирики или некој друг крем (протеински крем од ванила/чоколадо или некој по ваш избор), па на средина од кремот ставете еден бадем или некоја друга јатка и затворете ја урмата добро.
На овој начин подгответе ги сите колачиња и редете ги во чинија. Настрана растопете го чоколадо, па натопете ја секоја урма (мора да бидат добро затворени) и потоа вадете ги да се исцедат уште малку на чинија. Ставете ги бонбоните во фрижидер 30-40 минути, додека чоколадото да се стегне, а потоа послужете ги.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Исчистете ги урмите од внатрешната семка и ставете ги во подлабок сад. Прелијте со врела вода и оставете да отстојат 2-4 минути, па процедете. Сомелете ги урмите во блендер додека да се добие убава и мазна смеса, па додајте 2 лажици путер од кикирики и прстофат сол. Соединете сѐ во блендер.
Поделете ја смесата 6-/40, а поголемиот дел оставете го во блендерот. Додајте го овесното брашно и уште малку соединете додека смесата да стане густа и хомогена. Излејте ја смесата на хартија за печење, врз неа ставете втора хартија и со помош на оклагија обликувајте правоаголник со дебелина од еден прст.
Врз смесата наредете 60 г кикирики (јас користев пржени и посолени). Ставете го колачот во фрижидер околу 30-40 минути, а потоа поделете го на тенки штангли. Филувајте ја секоја штангла со растопено чоколадо од страната на смесата, не од кај кикириките и вратете во фрижидер на уште 5 минути, пред да послужите. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.