Овој познат турски специјалитет се нарекува „плачлива торта“ и е еден од највкусните деликатеси, кој се послужува низ целиот свет. Едноставно ова е совршен десерт. Речиси и да не постои човек што не го сака чоколадото или десертите приготвени од него. Доколку некогаш сте го пробале „турскиот плачлив колач“, тогаш јасно ви е колку е вкусен и зошто уште се бара.
![]()
![]()
![]()
![]()
Рецептот е сочен и мек, а се приготвува многу едноставно, а полниот чоколаден вкус е она што се чувствува со првиот залак. Вкусот е уште повеќе дополнет со кремот кој е многу лесен. Сѐ што треба да направите е да го подготвите пандишпанот и да го прелиете со мешавина од млеко и какао за кората да биде сочна, а потоа да го премачкате со кремот. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАН: 3 јајца, 150 г шеќер, 80 мл масло, 200 мл млеко, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 30 г какао, 190 г брашно. За натопување на кората: 200 мл млеко, 15 г какао. За шлаг: 550 мл крем за шлаг (слатка павлака), 50 г шеќер во прав. За чоколадната глазура: 250 мл крем, 200 г темно чоколадо.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилиниот шеќер, па кога ќе згуснат и станат кремасти, додајте ги останатите течни состојки: млекото и маслото, па изедначете.

![]()
![]()
![]()
![]()
Најдобро низ сито додајте ги сувите состојките како што се брашното, какаото и прашокот за печиво, па убаво сето изедначете го во хомогена смеса без грутчиња (со шпатула или со миксер на најмала брзина).

![]()
![]()
![]()
![]()
Плехот со средна величина (23х30 см) намастете го со растопен путер и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. За помал калап, смалете ги количините на состојките двојно. Излејте ја приготвената смеса, распоредете и рамномерно израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.






Печениот бисквит оставете го да се подизлади, а во меѓувреме подгответе мешавина од 200 мл млако млеко и соединете со какаото, без грутчиња. Избоцкајте го пандишпанот со виљушка, па прелијте го нежно со млекото и какаото, за да биде посочен. Во меѓувреме подгответе го кремот.

![]()
![]()
![]()
![]()
За кремот: Кремот за шлаг измиксајте го во цврст снег со шеќерот во прав, па кога целиот пандишпан ќе го впие млекото, премачкајте го белиот крем преку пандишпанот и добро израмнете со лажица. Ставете го колачот во фрижидер, на неколку часа, а кога добро ќе се стегне залијте со чоколадниот прелив и оставете целосно да се олади и да се стегне.

![]()
![]()
![]()
![]()

Чоколадната глазура подгответе ја со растопување на чоколадото во топлиот крем. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.































