Пред некој ден на гости ми дојдоа сестра ми и зет ми, а јас подготвив обилен ручек за сите убаво да се најадеме. Како предјадење послужив една нова салата, која ја најдов на каналот „Рецепти со Чарлс“ и можам да кажам дека сите бевме воодушевени од вкусот. Салатата излезе толку кремаста, но нема име, па ние домашните си ја завикавме „салата повкусна од руската“.
Сестра ми, која е готвачка, ми рече дека не пробала повкусна од оваа салата и дека се разликува од сите останати. Веднаш ми побара рецепт и ми рече дека ќе ја вметне во менито во ресторанот каде што работи. Толку многу им се допадна на сите, што морав да станам од трпезата и да направам уште една салата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Салатата може да се послужи ладна од фрижидер или топла, веднаш по подготвување. Мене ми е поубава кога малку ќе се подолади, доволно е да отстои 2 часа во фрижидер, покриена под стреч-фолија. Количините на состојките се наменети за една доза која може да се послужи во длабока чинија, па доколку подготвувате за повеќе луѓе, соодветно зголемете ги количините. Еве што ви е потре
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 јајца, 1 перце праз, 6 кисели краставици, 200 г шунка, 200 г гауда кашкавал, 180 г замрзната и сварена пченка, 3 лажици мајонез, 2 лажици павлака или цврст јогурт, 1 лажичка сенф, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 8 варени јајца, 200 г сирење, 5 лажици мајонез, 4 чешниња лук.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата сварете ги тврдо околу 8-10 минути. Потоа, оставете ги да се оладат, излупете ги и исечкајте ги на половина, па од секоја половина сечете ги на две или три ленти и потоа на ситни коцки. Префрлете ги јајцата во подлабок сад каде што ќе ја послужувате тортата или во пластичен сад каде само ќе ја подготвите.

![]()
![]()
![]()
![]()
Отсечете го горниот дел на празот и поделете го надолжно на две ленти, па потоа исечкајте на ситни коцки. Киселите краставички исечете ги на истиот начин, на ленти, па на ситни коцки и додајте ги во садот со јајца, заедно со празот. Шунката исечкајте ја на коцки, а кашкавалот изрендајте го и додајте го во садот.






Пченката сварете ја додека да омекне, па процедете ја и додајте ја во садот. Настрана подгответе го преливот. Измешајте го мајонезот, павлаката, сенфот, солта и црниот пипер. Прелијте го преку салатата и сѐ измешајте додека салатата да стане кремаста. Декорирајте со кругови од варени јајца и неколку листови магдонос.

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Сирењето убаво издробете со виљушка. Јајцата сварете ги тврдо и изрендајте ги и додајте ги во издробеното сирење. Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и декорирајте со свеж магдонос. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.




































