Жените речиси секојпат се препуштаат на фризерските стилисти кога станува збор за средување на косата. Иако, оваа опција за да си ја средите косата е една од најлесните, честопати фризерите знаат да бидат поскапи или да ви го потрошат поголемиот дел од времето. На неколку едноставни начини, можете косата да ја стилизирате сами во домашни услови, за секоја прилика.




Пунџата е една од најелегантните фризури која се носи на свадби, крштевки и други прослави. Може да се прави високо на тилот или ниско на темето. Ниската пунџа изгледа поелегантно, особено ако од страните се пуштат неколку прамени, покрај лицето. Во продолжение прочитајте како да си направите елегантна пунџа, за секоја прилика.




Следните фризури се прават брзо, па дури и некој од домашните може да ви помогне да го добиете посакуваниот изглед и да изгледате како да сте излегле од салон. За овие фризури најдобро е косата да биде свежо измиена и да го има задржено својот волумен. Следните фризури се за оние со долги коси или со средна величина.




НАЧИН I: Соберете ја косата во ниско коњско опавче и врзете ја со црно или проѕирно ластиче. Кренето го коњското опавче нагоре и на тилот прицврстете го со ниска штипка, која треба да биде свртена хоризонтално. Пуштете го опавчето врз штипката и раширете го за таа да се покрие.




Под штипката соберете го опавчето со тенко ластиче и вметнете го од внатрешната страна на штипката. На истиот начин можете да ја подгответе пунџата така што ќе биде свртена вертикално и ќе се наоѓа малку погоре на главата.

втор начин




НАЧИН II: Фатете ниско опавче и започнете да го врзувате така што ќе го поделите на два дела и ќе ги превиткувате и протнувате, како кога врзувате врвки, на еднаш или двапати. Вака подготвената пунџа (ќе се стесни со врзување), врзете ја со мало ластиче на делот каде што виси и пикнете ја однатре. Растегнете малку од секој прамен за да се добие волумент изглед.




НАЧИН III: Фатете едно ниско опавче и едно високо на иста должина. Попуштете го малку ниското опавче и низ просторот протнете го одозгора така што од страните ќе се извитка. Извадете го ластичето на горното опавче и поделете го на два еднакви дела. Испреплетете ги прамените на еднаш или двапати, па едниот дел протнете го во просторот од едната страна на извитканиот дел, а другиот прамен од другата страна.




Заврзете ги долните прамени што ги протнавте и малку повлечете ги за да добијат на волумен. Врзете го долниот дел на репот навнатре да изгледа како мала пунџа.




Начин IV: Врзете повисоко опавче и зацврстете го со специјален стегач за пунџа. Од страните зацврсетете со црните, тенки шнолички (боби пинс). Поделете го опавчето на шест еднакви делови и секое издвојте го со црно ластиче.

Секое опавче поделете го на средина и протнете го опавчето во отворот на секое, па извлечете ги малку прамените. Прилепете ги сите прамени под ластичето, веднаш под пунџата и врзете ги заедно.

НАЧИН V: Соберете ја 1/3 од косата на страна и врзете ја со ластиче, како што е прикажано на сликата подолу. Потоа, истото направете го од другата страна, веднаш под првото ластиче (погледни втората слика).

Делот кој што виси соберете го со превиткување кон пунџата и прицврстете го со тенка шнола. Деталите од останатите 25 начини за пунџа, погледнете ги ОВДЕ.