Оваа торта ја направив за првпат, кога мајка ми го прослави 50-от роденден. Таа ги обожава овие старомодни колачи и торти, а оваа торта е вистински хит.
Немав многу намирници и барав торта или колач што можам да направам со тоа што го имам дома. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ БИСКВИТ: 7 белки, прстофат сол, 120 г шеќер, 120 г ореви, 50 г брашно, 50 г рендано чоколадо (може и какао).
ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: 5 белки, прстофат сол, 180 г шеќер, 3 лажици масло, 180 г сечкани ореви, 50 г брашно.
ЗА КРЕМ: 5 жолчки, 2 јајца, 10 г ванилин шеќер, 150 г шеќер, 250 г маргарин. За натопување на бисквитот: 150 мл млеко, 10 г ванилин шеќер.
За декорација: ситно сечкани ореви, шлаг во прав, чоколадна глазура.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ БИСКВИТ: Одвојте ги белките од жолчките и со миксер пенасто изматете ги белките во цврст снег со прстофат сол.
Кога белките малку ќе запенат, постепено додавајте го шеќерот, додека постојано матите со миксерот и додека шеќерот да се растопи.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во изматените белки постепено започнете да ги додавате жолчките, една по една и соединувајте.
Додајте го брашното, ренданото чоколадо и мелените ореви и лесно промешајте со шпатула. Откако ќе се изедначи смесата излејте ја во кружен калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење.
![]()
![]()
![]()
![]()
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Ставете да се пече првата кора во загреаната рерна околу 15-20 минути, а потоа извадете од рерна, оставете да се олади и пресечете ја напречно на два еднакви дела, така што ќе добиете две кори. На сличен начин подгответе ја и втората кора.

ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: Белките измиксајте ги со прстофат сол, како првата кора, додајте го шеќерот, миксирајте додека да се растопи, па додајте 3 лажици брашно, мелените ореви и брашното. По додавање на сувите состојки, соединете со шпатула до изедначување.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во истиот калап од претходно испечете го и вториот бисквит во загреана рерна на 160 степени, околу 30-тина минути. Овој бисквит не се дели на половина.
Оваа кора потребно е повеќе да суши отколку да се пече. Извадете ја кората од калапот и ставете ја преку претходно испечените две кори.

ЗА КРЕМОТ: Во подлабок сад ставете ги жолчките заедно со двете јајца, додајте ги шеќерите и сѐ измиксајте во едноличен и кремаст фил.
Потребно е малку подолго да матите со миксерот додека шеќерот да се растопи и да добиете густа, кремозна смеса.
Потоа садот со изматените жолчки ставете го врз тенџере во кое врие вода и сварете го кремот со постојано мешање. Филот е потребно да се готви околу 15-тина минути.





Сварениот крем оставете го настрана целосно да се олади. Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го, па постепено започнете да го додавате ладниот крем и матете со миксерот додека убаво да се соединат двете смеси.
![]()
![]()
![]()
![]()
За да бидат корите сочни, направете шеќерен сируп-прелив со кој ќе ги натопите корите, така што на млакото млеко ќе го измешате со ванилиниот шеќер, а можете и малку да го стоплите на пареа за шеќерот полесно да се растопи, но внимавајте да не зоврие.

ЗА ФИЛУВАЊЕ: Натопете го бисквитот со шеќерното млеко (пресечениот), премачкајте со половина од кремот, па одозгора ставете го неисечениот крем, повторно крем, па преклопете со другата половина од исечениот бисквит и премачкајте ја целата торта со шлаг или преостанатиот крем.

![]()
![]()
![]()
![]()

Украсете со ореви или по желба со чоколадна глазура. Добро изладете ја тортата пред да ја послужите, најдобро е да отстои преку ноќ во фрижидер. / Сoolinarka.сom




































