Оваа пита со тиквички може да ја правите за појадок, ручек или вечера. Одлично се комбинира со шолја јогурт. Дечињата ја обожаваат, а за домаќинките е лесна бидејќи се подготвува за помалку од половина час. Доколку сакате да подготвите нешто брзо и вкусно, а немате време за замесување на тесто, купете готово лиснато тесто, а потоа направете фил, премачкајте и ставете на печење.




Не очекував тиквичките да дадат толку добар вкус. Неверојатно е мека, сочна и вкусна со шолја јогурт, идеална за брза вечера или појадок. Многу брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде, целото семјство ќе ја сакаат. Лесна е и на секому му годи. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквица (200 г), сол, 2 јајца, 150 г кисела павлака, 150 г рендан кашкавал или сирење (по ваш избор), 3 лажици пченичен гриз, 500 г готово лиснато тесто, 1 жолчка за премачкување, уште 100 г кашкавал на ленти.




ПОСТАПКА: Тиквицата излупете ја, па на најкрупниот или средишниот дел од рендето изрендајте ја. Потоа, складирајте ја во подлабок сад, посолете, па со лажица промешајте. Оставете тиквицата малку да отстои додека да почне да ги пушта своите сокови.




Потоа земајте дел по дел од ренданите тиквички и цедете ги низ рака на неколку пати, па префрлете ги во друг чист и сув сад. Во тиквиците без водата додајте 2 јајца, 150 г павлака, 150 г рендан кашкавал и 3 лажици пченичен гриз. Со лажица соединете ги состојките лесно за да не се направи каша од сите состојки.




Земете едно лиснато тесто и поставете го на набрашнета површина. Исто така набрашнете ја малку и оклагијата, па развлечете го тестото на сите страни што повеќе можете. Кога ќе биде доволно тенко, поделете го на два еднакви делови.




Првата половина од тестото ставете ја на плех со иста големина кој сте го обложиле со хартија за печење. Одозгора премачкајте со филот кој претходно го подготвивте и добро распоредете го насекаде низ кората. Потоа одозгора покријте со второто тесто кое треба убаво да го наместите да го покрива целиот фил.




Залепете ги двата краеви на долното и горното тесто, па со првото тесто кое е одоздола извртете ги краевите навнатре, па средишниот дел премачкајте го со разматеното јајце. Направете резови со нож на средина, дијагонално, прво од едната па од другата страна и во нив наредете 100 г кашкавал сечкан на ленти.




Кашкавалот е потребно да го вметнете помеѓу деловите кои ги пресековте. Питата е готова, само треба да се стави на печење. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека да порумени одозгора, а внатрешниот дел може да проверите со чепкалка дали е печен. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.