Кога бевме мали, нашите баби и мајки често подготвуваа пити кои ги полнеа со сирење, спанаќ, праз, џимиринки… Оние пити кои се филуваа со џимиринки отсекогаш ми беа омилени и јас пораснав со нив. Пробајте го рецептот за штрудли со џимиринки (чварки) на Верица Николиќ. Тестото е многу убаво за работење, а кога ќе се испече е вистинско задоволство. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 1/2 кг меко брашно тип 400, 1/2 коцка свеж квасец (25 г), 1 лажица шеќер, 1,5 лажички сол, 250 мл млеко, 3 лажици кисела павлака, 1 јајце. ЗА ФИЛОТ: 250 г џимиринки (чварки), 1 лажица кисела павлака, мелен пипер по вкус.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во млакото млеко (на собна температура) се додава една кафена лажичка шеќер и се рони свежиот квасец, па сѐ се меша со жица/маталка и се остава квасецот да се активира, 10-тина минути, во топла просторија. Кога квасецот ќе набубри (во потопло млеко се активира побрзо) се започнува со постепено додавање на брашното.
![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте ја солта, истовремено со брашното, додека го додавате на неколку наврати. Започнете да ги соединувате состојките со лажица, а кога ќе се апсорбира течноста од млекото во брашното, замесете го тестото со рака. Додека тестото не е уште добро соединето, додајте ги јајцето и павлаката.
![]()
![]()
![]()
![]()
Квасецот може да го додадете и на друг начин, а тоа е да го активирате настрана со помалку од 1 лажица шеќер, заедно со млекото, па на крајот да го сипете во брашното. Замесете фино и меко тесто, кое не треба да се лепи на прсти. Обликувајте го во топка и ставете го во набрашнет сад.
![]()
![]()
![]()
![]()
Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го да нарасне додека да се удвои во големина. Препорачливо е тестото да отстојува во близина на радијатор или вклучена рерна за побрзо да ја удвои својата големина. Додека го чекате тестото да нарасне, во меѓувреме подгответе го филот:




ЗА ФИЛОТ: Џимиринките се ставаат во блендер, се мелат или се сечкаат на многу ситно, се додава црниот пипер и павлаката. Убаво измешајте во кремаст фил за да може добро да се премачка тестото. Нараснатото тесто префрлете го на набрашнета површина, премесете го уште малку со раце и развлечете го со оклагија, па обликувајте го во валјак и поделете го на пет еднакви делови.

![]()
![]()
![]()
![]()
Секој дел формирајте го во топка, а потоа секој ден развлечете го во круг од 24 см. Потоа, на набрашнета површина ставете ја првата кора и премачкајте ја со дел од подготвениот фил. Со премачкување наредете ги останатите кори од тесто една врз друга, при што последната кора не се премачкува.
![]()
![]()
![]()
![]()
Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го да одмори околу 15 минути. Потоа, со оклагија се развлекува кората во правоаголна форма со димензии 53×50 см или според големина на најголемиот плех кој го имате (треба да се добие тенко тесто), па последната кора премачкајте ја со последниот дел од филот, кој се дели на пет.
![]()
![]()
![]()
![]()
Од двете, подолги, страни завиткајте во ролат до средината на кората, па исечете ја кората помеѓу пресекот на ролатите за да добиете два ролати. Секој ролат исечете го на парчиња долги 5 см и наредете ги во плех, обложен со хартија за печење. Покријте го плехот со кујнска крпа и оставете ги штрудлите да нараснат 15 минути.
![]()
![]()
![]()
![]()

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Нараснатите штрудли премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко и печете ги додека да поруменат, околу 20-25 минути. Штрудлите се печат со пресечените страни свртени кон плехот. Оние кои сакаат џимиринки ќе бидат воодушевени од вкусот на овие штрудли. Фото и рецепт на Верица Николиќ.
































