Со овој напиток се намалуваат масните наслаги, особено на местата каде што најмногу се акумулираат, како на пример, околу стомакот, бутовите и рацете. Природните напитоци базирани на билки можат во голема мера да помогнат во слабеење, но реалноста е дека овие напитоци не делуваат преку ноќ и не се доволни самостојно да придонесат кон слабеење.




Напитокот содржи неколку лесно достапни состојки и се подготвува многу лесно, како смути, а се користи за cлабеење и намалување на акумулираните масни наслаги. Многу вкусен и пријатен за пиење, најдобро е да се приготвува свеж секојдневно, а доколку направите количина за 2 или 3 дена, тогаш складирајте го во фрижидер.




Особено е корисен за сите оние кои подолго време се обидуваат да ocлабат, а тоа не им ycпева, бидејќи овој напиток ќе го прочисти организмот и ќе го олеcни отпочнувањето на тој процес. Во текот на денот пијте повеќе течности без шеќер (вода и чаеви), имајте минимум умерена физичка активност (трчање, брзо пешачење, пливање…) и одбегнувајте солена и масна и индустриски процеcирана храна.




Напитокот е најдобро да се пие наутро на празен стомак и една чаша навечер, еден час пред спиење, како замена за вечерата. Може да го консумираат и оние кои само сакаат да се прочистат од тешката храна и да си го зајакнат имунитетот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 стапчиња цимет, 2 големи лимони, 4 корења ѓумбир со средна големина, 1 полна китка свеж магдонос (или две китки), 10 ливчиња свежо нане и 1 литар вода, мед се додава по вкус.




ПОСТАПКА: Количините се доволни за еден ден за брзо слабеење или два дена за умерено. Најдобро е доколку секој ден си приготвувате нов, свеж напиток. Во меѓувреме, остатокот се чува во фрижидер. Ставете ја водата на оган да зоврие заедно со 4 стапчиња цимет и гответе на умерена температура, околу 15-20 минути додека водата да стане црвена.




Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Лимонот излупете го и исто така исечкајте го на помали парчиња. Исечканиот магдонос заедно со нането, лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер и измиксајте додека да се изедначи смесата.




За тоа време чајот од цимет ќе биде изладен (млак), па додајте го во смесата од блендерот и уште еднаш изблендирајте за да се изедначи течноста. Потребно е да миксате околу 5 минути. Сервирајте една чаша од напитокот со лажичка мед по вкус.




Оваа количина е доволна за 2 дена: се пие по 250 мл наутро на гладно и навечер пред спиење. За уште побрзо согорување, пијте го овој напиток по 500 мл наутро на гладно и 500 мл неколку часа пред спиење наместо вечера!




Третманот трае 5 дена, а за тоа време ќе се прочистите од токсините. За да имате видлив ефект од слабеењето, пијте многу вода и јадете лесна храна. Бидејќи во организмот ќе започнат забрзано да се одвиваат процеси за разбивање на мастите, потребно е пиете многу вода или чај од магдонос, чај од свила од пченка, да јадете полесна храна, сè со цел да се исфрлат сите штетни метаболни продукти.




После 5 дена направете пауза од 7-10 дена, а потоа можете да ја повторите постапката доколку сакате уште да ослабеете. Важно е и за време на паузата, да се храните здраво и добро да го хидрирате телото, но и да имате умерена физичка активност.