За оваа торта не треба да вклучувате рерна, многу брзо и лесно се приготвува а излегува многу вкусна.
Слоевите убаво се прилепуваат еден на друг и по боја се разликуваат, па освен што е вкусна, многу е декоративна и може да се послужува за разни свечени пригоди.
Тортата излегува голема, а за сите љубители на плазма кексите ќе им биде омилена. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 1. слој: 120 г шлаг крем со вкус на чоколадо, 100 мл млеко, 200 мл слатка павлака, 50 г какао во прав, 250 г мелени плазма бисквити. За сос од вишни: 200 г вишни, 50 г шеќер, 1 супена лажица скроб/ниѓесте/густин, 1 мала лажичка екстракт од ванила
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 2. слој: 400 мл слатка павлака за шлаг, 100 г шлаг крем со вкус на ванила, 100 г кисела павлака, 50 мл млеко, 350 г мелени плазма бисквити. И уште: 3 кесички шлаг пена и 150 мл млеко за декорација на тортата
ПОСТАПКА: Во подлабок сад за матење сипете го прашокот од шлаг крем кесичките, залијте со млеко и слатка павлака, па матете со миксер додека да добиете цврста кремаста и изедначена смеса. Додајте ги мелените плазма бисквити и какаото во прав, па со лажица промешајте до изедначување.
Обрачот за торти со пречник 26 см поставете го врз десертна тацна или чинија, палку премачкјате го со масло, па сипете ја смесата со кекси и какао и нежно притиснете со лажицата. По желба можете да ја израмните површината или како мене, да ја оставите малку брановидна.
Откако ќе го нанесете првиот слој, сосе обрачот оставете го во фрижидер да се стегне додека го приготвувате остатокот од тортата. Од вишните измерете точно 100 мл сок, па половината вратете во вишните а во другата половина разматете го густинот.
Вишните и шеќерот ставете ги во тенџере на оган, па штом зоврие намалете ја температурата и потргнете го тенџерето малку настрана, па додајте го разматениот густин и мешајте малку да се згусне. Оставете малку да подизлади па прелијте преку првиот слој од кекси и какао и вратете повторно во фрижидер.
За вториот слој: во подлабок сад сипете ја слатката павлака, шлаг кремот и млекото, па матете со миксер додека смесата да почне да згуснува, но да не стане премногу густа. Потоа додајте ја киселата павлака и продолжете со матење, но со помала брзина.
Во оваа кремаста смеса додајте ги мелените плазма бисквити и промешајте со лажица додека да се изедначи. Сипете ја во калапот врз вишните и рамномерно распоредете. Притоскајте со лажицата за да се пополни секоја празнина.
По желба можете да ја израмнете површината и да ја декорирате по желба, или како мене да ја направите брановидна. целата торта вратете ја во фрижидер. Изматете ја шлаг пената со млекото додека да згусне, па украсете ја тортата со готварски шприц. Оставете добро да се олади и стегне, најдобро преку цела ноќ. Рецепт на Вукица / Сооlinarika.сom. Можете да ја приготвите и втората верзија на оваа торта:
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени кекси (плазма или бисквити по ваш вкус), 200 г растопен маргарин или путер, 3 супени лажици шеќер во прав, 5 супени лажици сок од портокал (или сок по ваш избор).
ЗА ФИЛ: 400 мл слатка павлака, 250 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц или некое друго), 3-4 лажици шеќер во прав (може и повеќе), 300 -350 јагоди или друго овошје. Постапката прочитајте ја ОВДЕ.