Мимоза салатата е кралица на секоја трпеза, а како што се наближува Велигден, наш предлог е празничната трпеза да ја збогатите со ова вкусно јадење. Познатата салата најчесто се прави во зима поради тоа што се смета за покалорична храна, но познат готвач открива како да направите полесна варијанта од омилениот специјалитет, користејќи неколку едноставни трикови. Готвачот советува компирите да ги изоставите, доколку немате време за нивна подготовка.




Наместо мајонез како прелив за секој слој, користете го само како завршен слој, а другите слоеви премачкајте ги со мешавина од цврст јогурт или кисела павлака и сенф. Исто така, зелката заменете ја со светло зелена салата, а шунката со туна. За подобрување на вкусот на салатата, готвачот советува морковите да ги подготвите на посебен начин. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за Мимоза салатата со топено сирење. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 400 г туна во сопствениот сок, 100 г зелена салата, 2 моркови, 6 јајца, 100 г цврст јогурт или кисела павлака, 2 лажички сенф, 1 сок од лимон, 40 г мајонез, 10 г копар.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 4-5 триаголници топено сирење (зденка), 4 јајца, 2-3 чешниња лук и 2 полни супени лажици мајонез. За декорација може да искористите уште малку мајонез за одозгора, ситно сечкан магдонос, истостиран сусам (пропржен), перца од млад кромид и листови од морков за декорација на цвет..

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата тврдо сварете ги, отприлика 6-7 минути, по зовривање на водата. По варењето, ставете ги под млаз ладна вода, па излупете ги и одделно изрендајте ги на најкрупната страна од рендето, на белки и жолчки. Исцедете го сокот од лимон и поделете го на 2 еднакви дела. Измешајте ги јогуртот со сенфот и додајте од половината сок од лимон, а во друг сад измешајте мајонез со преостанатата половина сок од лимон.




Преливот со мајонез се користи како завршен слој и дава многу убав вкус на целата салата, не го има оној тежок вкус бидејќи се става во помала количина. Морковите малку посолете ги и завиткајте ги во алу-фолија и пикнете ги претходно загреана рерна на 180 степени, да се печат 40 минути. По печењето, морковите се оставаат да се оладат, па нежно се лупат.




Зелената салата исечкајте ја на потенки ленти, па ставете ја во калапот со флексибилен обрач, каде ќе ја послужувате салатата. Преку салатата премачкајте со преливот од цврст јогурт, сенф и лимон. Потоа, распоредете ја туната која сте ја процедиле и со виљушка малку сте ја испасирале. За туната да биде покремаста, додека ја пасирате, во неа додајте малку од преливот од јогурт и сенф.




Повторно премачкајте со преливот од јогурт. Одозгора изрендајте го печениот и посолете по вкус, доколку претходно не сте го направиле тоа. Повторно премачкајте со преливот од јогурт. Одделете ги белките и жолчките, а потоа изрендајте ги белките како следен слој. Премачкајте со смесата од мајонез, па декорирајте со рендани жолчки и копар. Салатата е највкусна доколку остои неколку часа во фрижидер.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата тврдо сварете ги, па додека се врели префрлете ги во многу студена вода, па кога ќе се подизладат излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето, или исечкајте ги на ситни коцкички, како ви е полесно.




Додајте го мелениот лук (или истиснат низ преса) и мешавина од претходно изматени мајонез и рендано топено сирење (кое можете исто така да го исечкате на многу ситни коцкички, или пак, да го испасирате со виљушка). Измешајте и соединете, па послужете изладено. Деталите за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.