Орхидејата е едно од најубавите растенија што можете да ги одгледувате во вашиот дом. Ова цвеќе се смета за симбол на љубов и нежност, а се верува и дека е една од водечките амајлии за женска среќа. Според народното верување, се смета дека ова растение има силни енергетски потенцијали. Исто така, се смета за исклучиво женски цвет со силна женска енергија, па се верува дека им носи посебна среќа за жените.
Ако имате орхидеја во куќата, се верува дека жените ќе бидат посреќни, подобро расположени, па дури и попривлечни. Важно е правилно да се грижите за вашата орхидеја, а за многу домаќинки овој процес претставува предизвик, затоа што и најмалата промена кај орхидеите може да придонесе до нивно сушење и овенување.
Со цел орхидеите правилно да бидат негувани подолг период, важно е и правилно да се наводнуваат. Наводнувањето еднаш неделно со отстоена вода е доволно, така што целата подлога треба да биде натопена.
Се потопуваат во сад со вода во времетраење од 1 минута колку шето е доволно да се наводени супстратот, а потоа се вадат и се оставаат добро да се исцедат од водата. Орхидеите исто така, не сакаат директна сончева светлина, затоа е важно да стојат на осветлено место, но да не бидат директно изложени на сончеви зраци.
Наводнувањето никако не правете го со прскање директно на цветот. Потопете ја саксијата во вода или да истуширајте ја во кадата, така што подлогата целосно ќе ја апсорбира водата. За да спречите гниење на чувствителните корења, задолжително исцедете го вишокот вода. Ѓубривото за орхидеи се додава со водата за наводнување при секое второ или трето залевање. Ако влажноста е премногу мала, прскајте ги орхидеите наутро.
Доколку растенијата се чуваат во несоодветни услови, тие ќе покажуват промени во листовите, како: бавен раст, сушење на цвеќето, закржлавени корења… Ова се првите знаци дека растението испраќа сигнали за потреба од наша помош. За да се избегне ова, растенијата треба да се прихрануваат во одредени периоди. Прихранувањето може да биде од природно или вештачко потекло и содржи голем број на елементи кои им се потребни за да имаат нормален раст.
Како функционира дополнувањето (прихранување) со квасец: Прихранувањето на растенијата со квасец има позитивен ефект врз нивната убавина. Квасецот содржи бактерии, кои не само што на печивата им даваат мекост и препознатлив мирис и вкус, туку и благотворно делуваат на растот и развојот на растенијата.
Квасецот може да го користите како прихрана за орхидеите. Тој овозможува цветовите да бидат побујни, а краевите да не се исушат. Целото растение е повитално и посилно. За да се постигне ова, се храни два до трипати месечно. Се препорачува секоја седмица во летните месеци, а двапати месечно во текот на зимата.
Важно е временскиот интервал помеѓу двe полевања да биде ист, бидејќи тогаш растенијата се навикнуваат на квасецот и можат сами да одредат кога и колку можат да конcyмираат хранливи материи до следното залевање.
Начин на подготовка на растворот. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар вода со температура од 40 степени, 10 грама сув квасец, 1 лажица шеќер. ПОСТАПКА: Во 1 литар вода на потребната температура измешајте 10 г сув квасец и 1 лажичка шеќер. Измешајте ги состојките и оставете растворот да отстои 2 часа.
По изминатото време, наводенете ги орхидеите со обична вода и оставете да отстојат 15 минути. Во меѓувреме, подгответе раствор во сооднос 1:5. Издвојте 200 мл од растворот и измешајте го со 800 мл млака вода. Оставете да делува 15 минути. После тоа, со овој раствор се прихрануваат орхидеите. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.