Ова е најлесниот чоколаден колач кој некогаш сте го направиле, а толку е кремаст, со полн вкус, буквално ќе уживате во секој залак. Се топи во уста и гарантирано нема да ве остави рамнодушни. Јас го правам кога ќе ми дојдат ненајавени гости, се прикривам во кујната и го правам за неполни 15 минути. Сѐ што ви треба се неколку состојки кои постојано ги имате дома.
Гостите не ми веруваа дека го направив за толку кратко време, па дека целиот се изеде веднаш, ме замолија да го направам уште еднаш, пред нив. Пријателките си го запишаа рецептот и рекоа дека ќе го пробаат уште следниот ден. Може да го направите во колку слоеви и да сакате, јас обично го правам во 4 слоеви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, прстофат сол, 165 г шеќер, 130 г брашно, 80 г какао, 500 г неутрална павлака (20%), 100 г шеќер во прав, 300 г маскарпоне. ЗА ГЛАЗУРА: 30 г темно чоколадо, 30 мл неутрална павлака.
ПОСТАПКА: Јајцата, неутралната павлака и маскарпонето се оставаат на собна температура минимум 1 час пред подготовка на колачот. Се одвојуваат белките од жолчките. Во белките се додава прстофат сол и се матат со миксер додека да станат пенасти и да се направи цврст снег. За тоа е потребно да ги матите околу 5-6 минути.
Постепено започнете да го додавате шеќерот, на неколку наврати и измиксајте го добро, додека да се растопи во снегот од белки. Брашното и половина од какаото соединете ги во посебен сад и преку сито, истресете ги во смесата од влажни состојки. Со шпатула соединете ги сувите состојки во влажните и формирајте мазна и еднолична смеса, без грутчиња.
Во обложен плех со димензии 40х29 см излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15-тина минути. По печењето, проверете дали е печена со помош на чепкалка. Оставете ја кората да се олади, па потоа превртете ја и пресечете ги краевите за да се израмни.
Краевите зачувајте ги за подоцна, за декорација на колачот. Кората поделете ја на половина, а потоа секоја половина пресечете ја во дебелина, да се добијат уште 2 исти такви кори, значи вкупно да имате четири. ЗА КРЕМОТ: 500 г неутрална павлака се мати во цврст снег, па се додава преостанатата половина од какаото и шеќерот во прав. Кога сѐ ќе се измати, се додава маскарпонето, кое претходно треба да биде малку разматено и двете смеси се соединуваат во едноличен крем.
ФИЛУВАЊЕ: Една од корите се става на чинија и се премачкува со 1/4 од кремот. Добро се израмнува, па се става втората кора и се премачкува повторно. Кремот треба да го поделите на 4 еднакви делови, со тоа што со последната кора се премачкува целиот колач. Вака подготвениот колач од страните се декорира со измелените крајчиња кои ги исековте од кората.
Крајчињата лесно се лепат за страните на колачот, а одозгора декорирајте го со чоколадна глазура која сте ја направиле со топење на 30 г темно чоколадо и 30 мл неутрална павлака. Декорацијата направете ја со помош на готварски шприц така што ќе исцртувате дијагонални линии, од двете страни. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.