Со овој оброк се чистат мастите во цревата и на тој начин се намалува тежината, а исто така се регулираат дигестивните сокови во желудникот.
Потребни состојки: зелка, репка/ротквици, морков, сок од лимон, маслиново масло
Постапка: изрендајте ја зелката, репката и морковот во однос 3:1:1. На тоа додајте зачински билки по вкус (магдонос, целер…). Измешајте го зеленчукот за да се ослободи сокот. Потоа додајте малку сок од лимон.
На крај додајте маслиново масло, но салатата немојте да ја солите! Вашиот оброк е готов. Маслиново масло не додавајте повеќе од една супена лажица, бидејќи имајте во предвид дека иако ова масло е многу корисно и хранливо, сепак содржи многу калории.
Јадете ја оваа салата за вечера, три дена по ред и ќе ги видите првите резултати кои ќе ве воодушеват. Зелката содржи состојка гликозид синигрин за која се покажало дека помага кај превенција од pак на простата, дебело црево и pак на мочниот меур.
Исто така, зелката е одличен извор на растителни влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестеролот во крвта. Антиоксидантите во зелката помагаат во боpбата против слободните радикали со што се намалува ризикот од појава на pак и болести на срцето.
Зелката има и антивоспалителни својства, па помага при разни хронични воспалителни процеси во телото како што се артритис и болести на срцето.
Растителните влакна од зелката одлично го одржуваат нивото на здравите бактерии во цревната флора; содржи витамин Ц и јод, со што се сврстува меѓу намирниците кои го зајакнуваат имуниот и нервниот систем.