Безглутенскиот леб кој не се меси, веднаш се прави и се пече, многу е вкусен и може да се јаде како самостоен оброк со чаша јогурт. Ако се чува во фрижидер има рок на траење три дена.

рецепт 1

Во продолжение ќе ви понудиме два одлични предлога за безглутенски леб, првиот од Бојана и вториот на Валентина, за чии рецепти можете да ги погледнете и видеопрезентациите дадени на линкот подолу во текстот.

Пред да преминеме на рецептите, би сакале да дадеме кратко објаснување за она што значи „безглутенски леб“ и зошто е важен за здравјето на луѓето кои имаат дигестивни пречки. Во последните години, сè повеќе луѓе имаат алергија на глутен.




Глутенските протеини сами по себе не се шт етни и здравата популација нема основана причина за нивно избегнување, но лицата кои имаат интолеранција на глутен, целијачна болест или алергија на пченица треба да го ограничат внесувањето или целосно да го отстранат глутенот од исхраната.

рецепт 1




Глутенот се наоѓа во житата како: пченица, ‘рж и јачмен, но, покрај овие жита, истиот можете да го сретнете и во поголемиот дел производи како што се: тестенини, сосови и додатоци во исхраната. Интолеранцијата на оваа материја претставува неможност на варење на глутенот. Статистиките во светот покажуваат дека повеќе од 15% од популацијата е интолерантна на глутен.




Во секој случај, доколку сте алергични на глутен, треба да го избегнувате. Овој леб може да го јадат и оние кои се на диета, а главната состојка на тестото се овесните снегулки. Не ви треба многу време за да го подготвите овој вкусен леб, кој јас често го подготвувам, а покрај тоа е здрав и знаете што сте ставиле во него. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 (на Бојана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 мала лажичка сол, 2 супени лажици маслиново масло, 250 г овесни снегулки (ситни), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 500 г сирење со 3% млечни масти, семки: сусам, ленено семе, сончоглед, тиква и др.

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Валентина) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 2-3 лажички сол, 2 лажици маслиново масло, 6 чаши овесни снегулки, 2 кесички прашок за печиво (20 г), 3 чаши кисело млеко или густ/цврст јогурт, 1-2 лажици ленено семе, 2 чаши излупени ореви. Се мери со чаша од 200 мл

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад скршете три јајца, додајте една лажичка сол, па кратко изматете ги со виљушка или кујнска жица-маталка. Додајте меко сирење кое содржи најмалку млечни масти (3%), па промешајте додека да се соедини со јајцата.




Во смесата додајте ги овесните снегулки, две супени лажици маслиново масло, една кесичка прашок за печиво, па рачно промешајте со лажица или кујнска шпатула додека да се соединат. Во калапот за леб (тесен, долгнавест и длабок) ставете хартија за печење која претходно малку сте ја изгужвале низ раце за да омекне.




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Излејте ја целата смеса во калапот, рамномерно распоредете ја и израмнете. Одозгора наросете семе и семки по ваш избор, па ставете да се пече во загреаната рерна 40-тина минути. Печениот леб оставете го барем половина час да се олади на решетка, па дури потоа сечете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт на Валентина Машковиќ:




ПОСТАПКА за рецепт 2: во подлабок сад ставете ги освесните снегулки (по можност да бидат што поситни), па додајте ги изматените јајца и посолете. Додајте го киселото млеко и сето убаво промешајте го за да се соединат сите состојки. Додајте го прашокот за печиво, а наместо прашок за печиво може да користите и сода бикарбона.

Додајте го лененото семе, ситно сечканите/мелени ореви и маслиновото масло. Целата смеса соединете ја и сипете ја во претходно обложен калап со хартија за печење и малку намастен. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.