Еден од омилените појадоци се токму солените триаголници кои се приготвуваат многу брзо и едноставно со готови кори, а може да се јадат веднаш откако ќе се испечат. Крцкави се кога ќе се гризнат, а однатре меки со вкусниот фил кој сте го избрале по сопствен вкус. За вас подготвивме три одлични предлози, а вие гласајте за најдобриот. Еве што ви е потребно:

рецепт 2 (Јелена Петровиќ)




РЕЦЕПТ 1 (на мама1) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 300 г кравјо сирење, 3 јајца, 1 супена лажица кисела павлака, 1 мала лажичка сол, 100 г путер, 100 мл масло и 1 јајце + сусам за одозгора

рецепт 1 (на мама1)

РЕЦЕПТ 2 (на Јелена Петровиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: готови кори, 200 г сирење, 2-3 јајца, 200 мл јогурт, 100 г сечкана шунка, 50 г кашкавал сечкан на стапчиња, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 30 мл масло, по желба малку кечап

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (на Маријана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г готови кори, 450 г спанаќ, 450 г фета или меко сирење, 2 јајца, сол по вкус, 100-тина мл масло помешано со растопен путер 1:1

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: во еден сад изронете го сирењето, па додајте ги јајцата, павлаката и солта, па сето добро измешајте го додека да се изедначат состојките. Отворете ги корите на работната површина па исечете ги на три еднакви, долги ленти.




ВИТКАЊЕ: Ако се многу тенки корите тогаш ставете 4 една врз друга, а секоја премачкјате ја со растопен путер. Ако корите се подебели, тогаш ставајте по две. На едниот крај ставете една лажица фил, па свиткајте триаголник.




Виткањето продолжете го цик-цак за на крај да добиете триаголник. Вака свитканите триаголници редете ги еден до друг во намастен плех, па одозгора премачкјате ги со изматено јајце и наросете ги со сусам.

рецепт 1

Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 25-30 минути или додека да заруменат. Кога се печени извадете ги од рерна, покријте ги со памучна крпа и оставете ги малку да одморат, па послужете ги. Следи постапката за вториот рецепт на Јелена Петровиќ:




ПОСТАПКА за рецепт 2: во подлабок сад изронете го сирењето, додајте две јајца и половина кесичка прашок за печиво, па промешајте со виљушка. Потоа додајте маслиново масло, јогурт и ситно сечкана шунка (на коцкички), па повторно промешајте.




ВИТКАЊЕ: отворете една кора на работната површина и премачкјате ја со масло. Поклопете ја надолжно, па одозгора прелијте ја со една кутлача од приготвената смеса и распоредете рамномерно. Потоа преклопете повторно надолжно, така да добиете тесен долгнавест правоаголник. И него премачкјате го со една кутлача од смесата.




Потоа, на едниот крај ставете кашкавал, преклопете под агол, па продолжете да виткате цик-цак за на крај да добиете триаголник. По желба пред виткањето можете да сипете и малку кечап. Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени 40-тина минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи и постапката на третиот рецепт на Маријана за кој исто така имате видеопрезентација:




ПОСТАПКА за рецепт 3: спанаќот ситно исечкајте го, посолете го и истискајте го малку со раце за да омекне. Додајте ги јајцата и сирењето, па изедначете ја смесата. Тргнете го филот настрана, па отворете ги корите и пресечете ги надолжно на половина. Во мешувреме растопете иста количина масло и путер за премачкување на корите.

ВИТКАЊЕ: Кората премачкјате ја со мешавина од масло и путер, преклопете ја надолжно за да добиете тесен, долгнавест правоаголник, па повторно премачкјате. На едната страна ставете една лажица фил и свиткајте ја кората цик-цак така да добиете триаголник.

Наредете ги во намастена тепсија, премачкјате ги со мешавината од масло и путер и печете ги во загреана рерна на 200 степени, 45 минути или додека да заруменат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.