Пробајте ја оваа вкусна чорба со месо и зеленчук која ќе ве засити како цел оброк, особено ако ја послужите со парче потпечено лепче, наросено со сол и црвена зачинска пиперка. Чорбата е толку многу вкусна, направена по рецептот на еден гурман, а многу се јаде во кафеаните и е една од најбараните специјалитети.




Доколку сте љубители на месото, оваа чорба е погодна да си ја направите за ручек. Кој сака може да ја направи и без месо. Во продолжение може да прочитате уште еден многу баран рецепт за чорба со зелка, домаќинките ја обожаваат бидејќи е многу здрава и се прави за кратко време. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 главица кромид, 1 морков, 500 г месо по ваш избор (пилешко, говедско..), 3 средни компири, 1 црвена и 1 зелена пиперка, 1 средна тиквичка, 2 чешниња лук, 1 коцка за супа (пилешка), 2 големи лажици доматен сос (паста) и 100 мл вода.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 мала главица зелка (или половина главица ако е поголема), 2 моркови, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, половина целер, 1 домат, свеж магдонос, сол, црн пипер.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Исечкајте 1 главица кромид на ситни коцки и ставете да се пропржи во тенџере со малку масло. Додека кромидот се пржи на тивко, излупете и исечкајте го морковот на тенки кругови, па додајте да се пржи заедно со кромидот.




Кога кромидот доволно ќе омекне со повремено промешување, додајте го месото исечкано на коцки. Пржете уште некое време додека месото фати коричка и да посиви. Кога месото ќе биде зготвено, се додаваат 3 средни компири исечкани на коцки. При крајот се додава 1 зелена и 1 црвена пиперка, но најпрво од нив потребно е да ги отстраните семките, кои можат ви предизвикаат мачнина на стомакот.




Додајте ги пиперките и додека сите состојки се пропржуваат направете го сосот: 2 ситно сечкани или издробени чешниња лук соединете ги со коцка за супа. Ставете 2 големи лажици доматен сос и прелијте со 100 мл вода. Соединете, па прелијте ја течноста во чорбата. Зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер.




Супата се готви околу 20 минути на средна температура, покриена со капак. Потоа се послужува топла. Доколку го сакате киселиот вкус може да ставите и 1 лимон исечкан на кругови да се вари во неа, или да го исцедите сокот. Супата така излегува уште поздрава.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Кромидот и лукот се сечкаат ситно, па се пржат на малку масло, додека кромидот да застакли, а лукчето да ја испушти својата прекрасна арома и да стане крцкаво. Целерот исечкајте го на коцки, морковот на прстени, па ставете ги во тавчето со пропржениот кромид и лукот.

ВТОР РЕЦЕПТ




Додајте го целерот и динстајте околу десет минути. Отстранете го тврдиот дел од зелката, исечкајте ја на ленти како за салата, па додајте ја во зеленчукот. Истурете вода да се прелие, намалете ја температурата на ринглата и варете додека зелката целосно да омекне.




Кон крајот на варењето додајте ги ситно сечкан и излупен домат. По потреба додајте уште зачини по вкус, а пред сервирање наросете со ситно сечкан магдонос. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ.