Mинатиот викенд ги чував внуците цел ден, па за ручек им подготвував батачиња со печени компири, по нивна желба. Случајно, минатиот месец додека гледав телевизија, ми се појави рецепт за вкусна маринада за батаци, која може да се користи и за друг вид на месо, а јас решив да ја испробам на батачињата.




Од неколку состојки кои веројатно постојано ги имате дома, измешајте ги и оставете го месото да апсорбира од маринадата. Маринадата дава преубав вкус на месото, а тоа излегува многу сочно и крцкаво. Оваа маринада се впива и внатре во месото, во зависност од тоа колку подолго ја оставите да отстои, толку поголемо ќе биде нејзиното дејство. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 пилешки батаци (одредете ја количината по желба), 2 лажички сол (приближно 16 г), 1 голема лажица црвена зачинска пиперка (блага), прстофат црн пипер, 3 лажици темен соја сос, 1 лажица мед (или шеќер), 2-3 лажици маслиново масло или друго масло, 1 лажица масло од сусам, 5-6 чешниња лук.

И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 1-2 главици кромид (околу 170 г), 1 лажица маслиново масло, 30 г путер, 2 чешниња лук, 1/3 лажичка шеќер, 2 лажици брашно, 500 мл млеко, сол, црн пипер, 750 г компири (6-7 компири).




ПОСТАПКА: Издвојте си онолку батачиња колку што планирате. Јас правев 20 батачиња, беа помали и сите се изедоа. Ставајте по неколку батачиња на дрвена даска и направете 2-3 резови на секое батаче (како што е прикажано на сликата), на местото каде што е месото, поголемиот дел од батачињата.




Батачињата складирајте ги настрана во еден подлабок сад, а кога сите ќе ги исечете надолжно, во садот посолете ги со 2 лажички сол, додајте 1 лажица црвена зачинска пиперка, полна до врв, 1/2 лажичка црн пипер, 3 лажици темен соја сос, 1 лажичка мед или шеќер, 2-3 лажици маслиново масло и 1 лажица сусамово масло или ако додавате еден вид на масло, ставете плус уште една лажичка.




Низ преса издробете 5-6 чешниња лук и додајте ги во батачињата. Измешајте додека зачините, маслото и лукчињата да се распоредат низ батаците, покријте со фолија и оставете маринадата да делува најмалку 30-тина минути, до еден час. Маринадата може да ја подготвите и од претходната вечер и да ја чувате во фрижидер.




За тоа време исечкајте на полупрстени 1-2 главици кромид, а 2 чешниња лук издробете ги или исечкајте ги ситно. Во едно тавче ставете 30 г путер да се растопи, па на ниска температура пржете го сечканиот кромид и гответе го неколку минути, со повремено мешање, додека да омекне. Додајте малку шеќер во кромидот, а после неколку минути, додајте ги чешнињата лук и пржете уште 1-2 минути, пред додавање на брашното.




Постепено започнете да додавате 500 мл млеко, на неколку наврати, со непрекинато мешање додека да се формира густ сос, како бешамел. Варете уште сосем кратко, па тргнете од рингла и посолете и додајте црн пипер по вкус. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки листови, па наредете ги во подмачкан огноотпорен сад со путер.




Врз компирите излејте го бешамел сосот, распоредете го и ставете ги компирите да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 45-50 минути. Батаците сосе маринадата наредете ги во плех, обложен со хартија за печење, да не се преклопуваат.

Батаците се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, па се вадат од рерна и се премачкуваат со остатокот од маринадата и се враќаат уште 5-7 минути во рерна да фатат коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.