Пченкарните кифли кои се меки како памук, мирисни и неодоливо вкусни, се подготвуваат многу лесно и вкусно. Освојуваат со својот изглед, а по првиот залак ќе ви стане јасно дека следниот пат ќе ги направите во двојна или тројна количина. Обожавани се на празничните трпези, но и како секојдневна закуска. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пченкарно брашно, 250 г бело пченично брашно (меко тип 400), 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, 20 г свеж квасец, 100 мл млака вода, 100 мл масло за готвење, 150 мл јогурт, 1 белка, 1 жолчка, сусам и ленено семе, 100 г кашкавал или сирење за фил

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бело брашно, 200 г пченкарно брашно (ситно сомелено), 7 г сув квасец (20 г свеж), 200 мл млако млеко, 100 мл јогурт, 150 мл масло, 1 јајце, 2 мали лажички сол, 1 лажичка шеќер, 50 г путер/маргарин




ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад изронете 20 г свеж квасец и залијте го со 100 мл млака вода, па додајте 1 мала лажичка шеќер и малку брашно (една-две лажички), па промешајте за да се растопат сите состојки без грутчиња и оставете на топло место. Потребни се 5-10 минути за да се активира квасецот и да запени.




Во друг подлабок сад измешајте ги сувите состојки: сипете 200 г пченкарно брашно, 250 пченично бело брашно и една полна лажичка сол. Промешајте и во средината направете вдлабнување како бунарче.




Тука истурете го активираниот квасец и останатите влажни состојки кои мора да бидат на собна температура, никако ладни и извадени директно од фрижидер: 100 мл масло за готвење, 150 мл јогурт и една белка. Жолчката сочувајте за подоцна.




Сето промешајте го со дрвена или пластична лажица додека да се соединат влажните и сувите состојки во компактно тесто кое ќе забележите дека брзо станува хомогено и се одвојува од ѕидовите на садот.




Потоа уште малку измесете го со рака (половина минута). Тестото иако е меко, воопшто не е лепливо. Оставете го во садот да ферментира 30-40 минути во топла просторија без провев, покриено со памучна кујнска крпа, кеса или со проѕирна-стреч фолија.




Стасаното тесто (не го удвојува премногу волуменот како другите теста) истресете го на набрашнета работна површина, малку премесете го и поделете го на 12-16 делови, во зависност од тоа колку кифли сакате да направите (помали или поголеми). Обликувајте ги во топчиња и оставете ги покриени настрана додека да го исечкате кашкавалот на стапчиња.




Секое топче развлечете го малку со рацете, засечете ја кората на едната страна, ставете кашкавал и свиткајте во кифла така што ќе ги затворите страните за да не истекува кашкавалот при печењето. Подготвените кифлички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 15-20 минути.

Жолчката измешајте ја со една лажица млеко или јогурт, па премачкјате ги кифлите и одозгора наросете ги со сусам или ленено семе или само со палента. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат, 25-30 минути. Следи постапката за вториот рецепт:

рецепт 1

ПОСТАПКА за рецепт 2: Измешајте 300 г бело брашно и 200 г пченкарно. Додајте сол па во средина направете вдлабнатина и во тука сипете 100 мл млако млеко, квасец и шеќер. Промешајте и оставете квасецот да се активира. Потоа додајте го остатокот од млекото, јогуртот, маслото, јајцето и започнете со постепено месење и додавање на белото брашно.

Оставете го тестото 30 минути да стасува покриено и на топло место, па премесете го и поделете го на два дела. Правете ги кифличките со форма и големина по желба, можете да ги оставите празни или да ги полните со фил.

Врз секоја кифличка ставете парче путер/маргарин и оставете 15 минути да ферментираат. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени и печете ги кифличките околу 25 минути или додека убаво да заруменат. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а од вториот ОВДЕ.