Кога станува збор за една така едноставна, секојдневна намирница како што е компирот, човек би рекол дека за неговата подготовка и нема некое посебно мудрување. Секој знае да приготви компир. Но, сепак, за неговата подготовка постојат неброени различни рецепти, па дури и кога станува збор за омилениот печен компир во рерна.

рецепт 1




Овојпат ќе ви откријам како да го испечете апсолутно најкцкавиот компир кој некогаш сте го пробале и тоа без претерување. Приготвен на овој начин компирот од надворешна страна формира убава крцкава коричка, совршено се испекува, а во внатрешноста останува мек и вкусен.

рецепт 1




Она што е најдобро од сè, од моментот кога ќе почнете да го лупите компирот до послужувањето на маса, нема да помине повеќе од половина час. Како што кажав и претходно, подготовката е брза и едноставна, а вредно е да се спомне и дека компирот приготвен според овој рецепт со минимална маснотија, е многу поздрав од останатите начини за приготвување.

рецепт 1




Тајната за неговата крцкавост е во тоа што компирот се вала во смеса од палента и црвен пипер во прав, а за арома се додава ситно сечкан лук кој на компирот му дава неодолив вкус. Ако не го сакате лукот, во тој случај не мора да го употребите, но сепак препорачувам да го направите точно по овој рецепт, зашто вкусот на клрај е едноставно толку посебен, што е штета да не се проба.




Вака приготвениот компир треба да се јаде додека е сè уште е топол, а јас го послужив со домашни печени колбси, тартар сос и кечап. Но, совршен е во каква било комбинација, па предлагам сами да се уверите во тоа. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 60 мл масло за готвење, сол и мелен црн пипер по вкус, 3 супени лажици инстант палента, половина мала лажичка црвен пипер во прав, 2 ситно сечкани чешниња лук

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 средни компири, 75 мл маслиново масло, 5 чешниња лук (во лушпа), 1 лажица сечкан свеж рузмарин, 1 лажица сечкана мајчина душичка, морска сол и мелен црн пипер, малку свеж магдонос за декорација




ПОСТАПКА за рецепт 1: Компирот измијте го и излупете го, па веднаш ставајте го во подлабок сад полн со ладна вода. Кога ќе ги излупите сите компири, еден по еден избришете ги со хартиена салветка и врз даска исечете ги прво на половина, а потоа и на осмини.




Исечените компири намастете ги со половина од маслото и промешајте ги. Во посебен сад измешајте ја палентата, црвениот пипер во прав и ситно исечканиот лук, па сипете ја мешавината врз компирите и промешајте за да се обложат рамномерно. Плехот обложете го со хартија за печење и сипете го остатокот од маслото.




Наредете ги компирите врз намастената хартија, но така да не се допираат парчињата едно до друго за да може топлиот воздух да циркулира низ нив и рамномерно да се испечат. Ако ви останало малку од зачините во садот, сипете го врз компирите и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени, 20 минути. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени, а решетката спуштете ја на дното од рерната. Излупете го компирот и пресечете го на четвртинки. Компирите ставете ги во широка тава со загреано масло, неизлупени чешниња лук (во лушпа), рузмарин и мајчина душичка, посолете и запиперете по желба, па кратко пропржете да се спојат сите состојки.

Компирот префрлете го во рерна, па печете го околу 55 минути на 220 степени. Послужете ги врелите компири со малку свежо насечкан магдонос. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.