Шербетните колачи засекогаш ќе останат омилените десерти кои некогаш се послужувале. На прво место секогаш е вкусната баклава која е кралица на сите останати колачи, а според мене потоа доаѓаат шербетните гриз колачи кои имаат посебна сочност. Овој колач со портокал го дознав неодамна од каналот на Валентина Машковиќ.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потсетува на сочните гриз колачи бидејќи се прелива со шербет, но овој рецепт ми е многу повкусен поради тоа што во шербетот се додава и сок од портокал. А за бисквитот ви се потребни неколку основни состојки, вклучувајќи и кори за пита или баклава, па токму поради тоа, овој колач потсетува на баклавата, односно на шербетните гриз колачи. Се прави за 10-тина минути, а потоа се става на печење. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕВНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 4-5 јајца, 250 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 400 г кисело млеко, 1 лажица кора од портокал, 200 мл сок од портокал, 200 мл масло, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ПРЕЛИВОТ: 450 мл вода, 300 г шеќер, 1 стапче цимет, 200 мл сок од протокал.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Јајцата, киселото млеко и сокот од портокал треба да бидат отстојани на собна температура, пред подготовка на колачот. Потоа, во сад се кршат 4 или 5 јајца во зависност од големината и се матат со миксер со постепено зголемување на брзината на вртежите.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе се зголеми волуменот на смесата и малку ќе стане пенаста, се додава 250 г шеќер и се продолжува со миксирање додека да се добие убава и хомогена смеса. Шеќерот е потребно да се растопи во јајцата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Постепено се додаваат двете кесички ванилин шеќер и киселото млеко, ситно ренданата кора од портокал, сокот од портокал и прашокот за печиво и сето се соединува во убава хомогена смеса со миксирање. По соединувањето, ќе ви биде потребен еден плех со димензии 23/25 или 33/35 см.





Корите за пита претходно исечете ги на помали парчиња, односно на квадратчиња. Корите мора да бидат претходно исушени, а тоа може да го направите на два начина. Првиот начин е да ги испечете во рерна на 100 степени, околу 1 час, а вториот начин е уште од претходниот ден да ги исечете и да ги оставите да се сушат на некое топло место, во текот на целиот ден.

![]()
![]()
![]()
![]()
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени. Потоа постепено се додаваат исушените кори во филот и истовремено се меша додека сѐ да се соедини. Важно е корите да ги додавате на неколку наврати, за сите да ви се натопат во смесата. По соединувањето, смесата се префрла во плехот и се израмнува.

Плехот не мора претходно да се премачкува. Колачот се пече од 45 до 1 час на умерена температура, додека сѐ убаво да зарумени. Во зависност од секоја рерна, кај мене на пример, колачот го печев точно 50 минути.
![]()
![]()
![]()
![]()

Откако ќе се испече кората ја вадите и оставате да се олади, па потоа ја сечете на поголеми коцки, а во меѓувреме подгответе го преливот. ЗА ПРЕЛИВ: Во посебно тенџере додавате приближно половина литар вода, стапче цимет и 300 г шеќер и сѐ се остава да врие околу две минути.

После 2 минутно готвење се додава сокот од портокал и се остава уште минута до минута ипол да се вари. Потоа со топлиот прелив се прелива преку оладениот колач. Потоа се остава убаво да се апсорбира и колачот да се олади, па по желба можете да го декорирате со топка сладолед од ванила или парче портокал. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.











