Во продолжение може да прочитате неколку инспиративни идеи за свечени салати кои може да ги направите во секое време, бидејќи се прават многу брзо. Сите ги обожаваат кремастите салати, а секако, најпозната е pycката салата која ја подготвуваме околу празниците. Доколку не сте запознаени со овие рецепти, запишете си ги во вашиот тефтер и направете ги за ручек или кога ќе ви дојдат гости.




Гостите ќе бидат воодушевени од изборот на салати кои сте го направиле, а покрај тоа, нема да ви биде потребно да послужувате некое друго јадење. Сите салати се многу кремасти и со совршен вкус, не може да се одлучи која е најубава. Во продолжение прочитајте ги рецептите, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 300 г бел грав, 5 јајца, 2 моркови, 1 компир, 3 кисели краставички, малку копар. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 160 г мајонез, 1 лажица кисела павлака. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1,5 страк праз, 1/2 китка свеж лист магдонос, 300 г фета сирење, 300 г кисела павлака.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 4 големи компири, 3 супени лажици маслиново масло, 2 лажици свеж магдонос, 2 лажици свежо нане, 1 лажица сок од лимон, сол, црн пипер.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Покрај руската и мимоза салатата, кои се меѓу омилените празнични салати, ви предлагаме да направите уште една прекрасна салата со компири и варени јајца, само овој пат додајте грав.




За премачкување, користете мајонез и павлака. Салатите ја красат секоја празнична трпеза, а оваа особено ќе се истакне. Секогаш салатите може да ги измените според ваш вкус, па така на пример, „дресингот“ може да го збогатите со уште некој зачин, ситно сечкано лукче или едноставно да користите лут мајонез.




Сварете го гравот на вообичаен начин (или користете конзервиран). Посебно сварете ги компирите, морковите и јајцата. Кога сварениот зеленчук ќе се олади, исечкајте го што е можно поситно, како и киселите краставички.




Соединете ги состојките во сад и додајте го ситно сечканиот копар. Зачинете со сол и црн пипер, па истурете ја павлаката и мајонезот кои претходно сте ги соединиле. Сето тоа убаво измешајте и салатата е готова. Дегустирајте ја салатата, па доколку е потребно уште сол додајте по сопствен вкус.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Направете едноставна и вкусна салата со фета сирење во која ќе додадете праз. Оваа освежителна салата е одлична, а ќе биде апсолутен хит на секоја трпеза. Состојките не се скапи, па затоа е исплатливо ако се прави во поголеми количини, а бидејќи состојките само се мешаат во сад, не е тешко да се направи.

Доброто кај неа е што може да го намачка на леб за појадок, особено на потпечено и зачинето лепче. Исчистете го, измијте го и исечете го празот на прстени. Издробете го сирењето, па додајте ја павлаката и сè добро измешајте. Потоа во смесата со сирење додајте го сечканиот праз, магдоносот, па зачинете по желба и послужете.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Кај нас нема куќа каде трпезата не може да помине без некое јадење со компири. Во лето оваа салата е незаменлива и одлично се комбинира со месо или риба на скара, а овој рецепт за турската верзија на омилениот прилог на сите е малку поинаков од нашиот.




Наместо кромидот, кој е незаменлив кај нас, на овој рецепт се додава нане, кое му дава посебен вкус и арома на јадењето. Ставете вода во големо тенџере, а потоа додајте добро измиени, неизлупени компири и варете околу половина час или додека да омекнат целосно.




Кога ќе се сварат, оставете ги да се изладат, па излупете и исечете ги на поголеми парчиња. Магдоносот и нането убаво измијте ги, па исечкајте ги и додајте ги во садот со компирите.

Прелијте со маслиново масло и сок од лимон, посолете и додајте црн пипер по вкус и сè убаво измешајте. Послужете ја целосно ладна, а ако ви остане после ручекот ставете ја во фрижидер до следниот ден. СОВЕТ: Сите салати можат да се послужат веднаш по подготовката, но вкусот е најубав доколку отстојат неколку часа до цела вечер во фрижидер.