Maнчмалоу е познат деликатес и наместо да го купувате, направете го сами дома со едноставни и евтини состојки. Подготовката е многу едноставна, прелијте ги бисквитите со филот од белиот крем, па прелијте со чоколадната глазура и колачот е подготвен за послужување.
Постојат неколку верзии за подготовка на манчмалоу колач, а ова е наједноставната верзија без кондензирано млеко, целиот колач е на база на јајца и пудинзи, затоа е многу кремаст. Фото и рецепт на Бранкица Спасиќ. Еве што ви е потребно за овој колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 жолчки, 12 лажици шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно, 3 лажици какао, ½ кесичка прашок за печиво ЗА ШАМ: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода, 10 лажици шеќер.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – лажен Манчмалоу колач (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, половина лажичка сол, 120 г шеќер, 150 мл млеко, 50 мл масло, 150 г брашно, 30 г какао во прав, 1/2 кесичка прашок за печиво. ЗА КРЕМОТ: 10 г желатин, 50 мл вода, 200 г кондензирано млеко, 200 мл слатка павлака. ЗА ГЛАЗУРА: 50 г чоколадо, 40 мл топла слатка павлака.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата треба да бидат остојани минимум 1 час на собна температура. Кога ќе се стоплат, се одвојуваат белките од жолчките во посебни садови. Пенасто изматете 6 жолчки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи и смесата ќе згусне и побели, додајте 200 мл ладно млеко и 100 мл масло. Промешајте.
![]()
![]()
![]()
![]()
Низ сито просејте 6 полни лажици брашно, 3 лажици какао и половина кесичка прашок за печиво. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја во намастен и наросен плех со брашно (вишокот истресете го), па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА ШАМОТ: На оган ставете 4 лажици вода со 10 лажици шеќер. Загревајте постепено додека шеќерот да се растопи и да се добие сируп. Пенасто изматете 6 белки со постепено додавање на 12 лажици шеќер. Матете додека шеќерот целосно да се растопи и да се добие цврст снег. Млакиот шеќерен сируп постепено додавајте го во тенок млаз додека непрекинато го матите снегот од белки.




Кората извадете ја од рерна и намалете ја температурата на 130 степени. Врз кората рамномерно распоредете го шамот, израмнете и вратете го во рерна да се допече уште 5-10 минути. Кога е готов колачот направете чоколадна глазура по ваш избор и прелијте врз шамот.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Колачот подолу се состои од две меки чоколадни кори, кремаст, бел фил и чоколадна глазура. Има многу сличен вкус како манчмалоу колачот. Децата особено ќе го сакаат овој деликатес, а можете да го послужите и во посебни пригоди. Бидејќи е некоја замена за манчмалоу колачот, во рецептот се користи и кондензирано млеко.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во сад измешајте ги јајцата со шеќерот и солта, па додајте ги млекото и маслото. Просејте го брашното, какаото во прав и прашок за печиво во смесата од течни состојки, па соединете со жица/маталка додека да се формира еднолична смеса, без грутчиња.
![]()
![]()
![]()
![]()
Излејте ја смесата во плех со стандардна големина и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Подготвениот какао бисквит поделете го на два еднакви делови. Првиот дел префрлете го на дното на калапот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Изматете го кондензираното млеко со неутралната павлака во сад, измешајте го желатинот (претходно измешан со малку вода) и истурете во калапот, а одозгора ставете уште едно парче темен бисквит. Оставете во фрижидер 1-2 часа. Прелијте ја смесата со чоколадната глазура. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































