Питата со месо е идеална за појадок, вечера, како предјадење, за ужина. Се приготвува многу едноставно и брзо. Одлично одговара со салата или со шолја јогурт. За овој рецепт потребни ви се само 5 минути за да ги измешате состојките. Она што е поразлично за подготовка на оваа пита е тоа што само редите и премачкувате од филот. Еднаш ќе го прочитате рецептот, а после нема да треба да го барате бидејќи е прелесен за памтење. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): готови кори за пита, 1 средна главица црвен кромид, 500 г мелено месо по избор, 3 средни компири, зачини по вкус сол, вегета, црн пипер. ЗА ПРЕЛИВОТ: 3 јајца, 100 мл масло, 1 цврст јогурт, 200 мл минерална вода, 1 лажичка сол.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г мелено месо, 60 г кромид, сол, црн пипер, масло, 4 јајца, 10 лажици брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 2 лажички пармезан, 180 мл јогурт, 1 лажица масло. Питата се пече во плех со димензии 28х17 см.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Кромидот ситно се сечка и се пржи кратко на малку масло. Додајте млеко во кромидот, потоа месото, солта, зачинете со црн пипер по вкус и продолжете да крчкате уште неколку минути. Додека месото се крчка, излупете ги компирите и изрендајте ги на покрупно ренде. Измешајте ги компирите со месото и кромидот, ако треба повеќе зачинете. Оставете малку да се излади.

ПРВ РЕЦЕПТ




Во плех со димензии 35×25 см премачкајте со малку масло и ставете ја кората што сте ја преклопиле на половина. Таа кора повторно премачкајте ја со малку масло и ставете уште една кора, повторно преклопена. На таа втора кора премачкајте малку од филот и ставете нова кора, па повторно филот и така додека да се потроши.




Не ставајте по многу фил на една кора туку по малку, но на различни страни распоредете при филување. Последните две кори нека бидат без фил како што почнавте на почетокот. Потоа пресечете ја питата во саканата големина и прелијте го со подготвеното преливче кое може да прочитате како се подготвува подолу.




Малку раширете го ножот таму каде што сте пресекле за питата подобро да го впие преливот. ЗА ПРЕЛИВОТ: Измешајте ги јајцата, додајте масло, јогурт, минерална вода и сол. Оставете 30 минути за корите убаво да се натопат и потоа се става на печење. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да порумени. Послужување: Испечената пита оставете ја да отстои околу 15 минути и послужете со салата по избор. / Сoolinarka.сom Следи постапката за вториот рецепт:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: На малку загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Посолете го и динстајте го додека да омекне. Потоа додајте 500 г мелено месо, посолете го и запиперете го по вкус. Измешајте го месото со кромидот и пржете го додека да ја смени бојата и да испарат соковите.

ВТОР РЕЦЕПТ




Во посебен сад изматете 4 јајца со маталка, посолете ги по вкус. Додајте 180 мл јогурт и соединете. Додајте 10 лажици брашно, една лажичка прашок за печиво и 2 лажички рендан пармезан. Изматете со маталка па додајте една лажица масло. Во смесата од јајца додајте го прженото месо и промешајте.




Добиената смеса излејте ја во огноотпорен сад со димензии 28х17 см и ставете да се пече на 200 степени додека убаво да зарумени, околу половина час. Печената кора покријте ја со фолија и оставете малку да подизлади, па сечете ја на коцки. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.