Само со врела вода и брашно замесете тесто од кое се прави најлесниот леб што постои во светот. Тенките парчиња леб како палачинки познати се под разни имиња како тортињи, сомунчиња, тенки лепчиња и слично, а одлични се за појадок или вечера, но и доколку внимавате на килограмите, овој тип на леб многу ќе ви помогне.
Многу брзо се замесува, без квасец или прашок за печиво, па нема потреба од чекање за да ферментира тестото. Исто така, печењето е многу едноставно и ме се пржи во масло што е случај со некои од рецептите. Може да ви стане рутина и секој ден да си го приготвувате, зашто е лесно, помалку калорично и практично. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г брашно, 1 мала лажичка сол, 2 супени лажици масло, 200 мл зовриена вода. ПОСТАПКА: За почеток измерете го брашното и просејте го низ сито за биде растресено и да нема грутчиња.
Во брашното додајте една кафена лажичка сол, две супени лажици масло за готвење и една чаша (200 мл) зовриена вода. Промешајте со лажица или кујнска шпатула додека топлата вода да се впие во брашното, а потоа продолжете со рачно месење.
Месете најмалку две минути или додека тестото да стане компактно и да нема суви грутчиња од брашното. Од тестото обликувајте топка, посипете го со уште малку брашно одозгора ако има потреба и изработете го за да биде мазно и еластично.
Тестото оставете го во садот и покријте го со проѕирна-стреч фолија да одмори 15 минути на собна температура. Ова одморање е потребно не за да ферментира тестото, туку да биде поеластично и полесно да се работи со него.
Одмореното тесто истресете го врз набрашнета работна површина, обликувајте го во валјак и малку сплоснете го, за да можете полесно да го поделите на дванаесет приближно еднакви делови. Од секој дел обликувајте топче.
Топчињата наредете ги врз лесно набрашнета површина и покријте ги за да не се сушат додека едно по едно ги изработувате. Со помош на оклагија и малку наросено брашно за да не се лепи, земете едно топче и развлечете го тенко како палачинка.
За да има правилен облик користете некој сад како калап, па исечете ја тенката кора во совршен круг. Нелеплива (тефлонска тава) загрејте ја на умерена температура, па ставете една тортиља да се пече.
Штом се појават меури на горната страна, превртете ја и печете ја уште малку и од другата страна. Додека се пече една тортиља, вие развлекувајте ја следната. Печените тенки лепчиња редете ги една врз друга и премачкувајте ги со врела вода и веднаш покривајте ги по кеса за да омекнат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.