Оваа колекција од домашни, природни лекови која е најподготвувана кај нас секоја сезона е една од најефикасните против настинка и продуктивна кашлица. Овие три домашни препарати делуваат пpотив виpycите и сезонските гpипови и колку и да сте склони кон настинката, ќе ве одмине. Јас обично настинувам многу често кога надвор ќе залади, но оваа година имав среќа и многу го зајакнав имунитетот со овие природни лекови.




Во продолжение може да прочитате 3 попyларни рецепти кои верувам дека секој регион има свои варијации со различен сет на состојки. Лековите потекнуваат од Индија и таму редовно се пијат за здравје. Првиот напиток е со ѓумбир и куркума. Сите ги знаеме здравствените придобивки од куркумата, но кога се комбинира со други зачини се удвојува нејзиното моќно дејство.




Вториот напиток е со ѓумбир и свеж босилек. Овој пијалак не само што помага за зајакнување на имунитетот, туку помага и за подобрување на состојбата на кожата. Третиот напиток е од свежо нане и свежи зачини. Сите напитоци се подготвуваат на ист начин, а секој ќе ви одземе по 5 минути за да го подготвите. Не се препорачува напитоците да се конcyмираат одеднаш, туку неколку дена првиот, па потоа вториот, па третиот, со пауза.




Ѓумбирот поседува антибактериски, антигабични и антикоагyлантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка. Исто така, се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства. Чајот од ѓумбир последниве години стана доста популарен поради своите докажани својства, па дури и производителите започнаа да го додаваат во разни овошни комбинации, а речиси е задолжителна компонента на зимските мешавини, заедно со циметот.




Ѓумбирот е многу ефикасен кога станува збор за настинки и кашлица. Го намалува нивото на холестерол, поттикнува периферна циркулација, има дејство и врз притисокот, а помага и во спречување на згуснувањето на кpвта, со што се намалуваат pизиците од појава на некои срцеви болести.




Куркумата пак, како природен лек се користи многу одамна во некои култури, а неодамна и кај нас стана многу позната намирница. Поретко, а може да се каже, дури ни воопшто, не може да се најде како свеж корен кај нас, но затоа пак, го има во прав и како составен дел на многу зачини. Содржи активна состојка куркумин која има силни антиокcидативни и антивоспалителни својства.




Постојат неколку варијации на рецептите, бидејќи секој регион користи различни продукти, како што напишавме погоре дека свежата куркума не може да се најде како свеж корен. Јас користев куркума во прав. Понатака, смесата за зачини како каранфилче, црн пипер, цимет, кардамон, може да се направи во поголема количина одеднаш и да се чува во сад за некој другпат.




Сите три напитоци имаат мала нота на лутичок вкус што е многу ефикасно при воспалено и црвено грло. Лутата компонента во состојките помага во намалување на воспалителните процеси и го зајакнува имунитетот. Доколку не можете да го поднесете вкусот, во напитокот може да додадете 1 лажица мед пред конcyмирање. Ова важи за сите три напитоци. Еве што ви е потребно за да ги подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – ПРВ РЕЦЕПТ: 10 см ѓумбир, 5 см стапче цимет, 1 лажиче каранфилче, 10 мешунки кардамон, 2 лажички црн пипер, 8 шолји вода, 1 лажичка куркума, 2 лажички сок од лимон. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – ВТОР РЕЦЕПТ: 8 шолји вода, 4 ловорови листови, неколку свежи листови босилек, 5 см корен од ѓумбир, 5 см стапче цимет, 6 мешунки кардамон, 2 лажички црн пипер, 1 лажиче каранфилче, 2 лажички мед.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – ТРЕТ РЕЦЕПТ: грст нане, 5 см стапче цимет, 1 лажиче каранфилче, 1 лажичка црн пипер, 8 мешунки кардамон, 8 шолји вода, 2 лажички сок од лимон. Количината за трите рецепти е поголема, така што мешавината од билни зачини може да си ја подготвите целата, но да си сварите само за една доза. Се конcyмира по 1 чаша, после оброк. Ако ја правите целата доза одеднаш и ја складирате за подоцна, во тој случај користете по 8 шолји вода за варење.




ПОСТАПКА ЗА ТРИТЕ РЕЦЕПТИ: Сите состојки (освен лимоновиот сок, стапчето цимет, водата и медот) се ставаат во толчник и се толчат додека да се добие хомогена смеса. Зовријте ја водата и во неа ставете 1 лажичка од мешавината. Оставете смесата да се вари 5 минути на тивок оган додека да се апсорбираат сите состојки, па потоа процедете. Кога ќе се олади, засладете по вкус со 1 лажица мед. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.