Теодора тортата се приготвува според стар рецепт со чоколаден фил, но денес може да се сретнат повеќе нејзини верзии.
Ви го претставуваме рецептот на Зорица, која пак го приготвила според напишан рецепт од старо списание наречено „Дебели, но среќни“. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За прва кора: 7 јајца, 150 г шеќер, 60 г брашно, 150 г мелени ореви.
За втора кора: 12 белки, 200 г шеќер во прав, 30 г брашно, 300 г сечкани ореви, 200 г суво грозје.
За фил: 12 жолчки, 50 г шеќер во прав, 400 г чоколадо со висок % какао, 250 г путер, 150 г шеќер во прав, 500 мл млеко, 2 кесички пудинг од ванила (40 г), 1 лажичка есенција од ванила
ПОСТАПКА: Изматете седум јајца заедно со шеќерот додека тој да се растопи и да се добие густа и светла смеса.
Во посебен сад измешајте го брашното и мелените ореви, па додајте во изматените јајца. мешајте со лажица додека да добиете фино, мазно полутечно тесто.
Смесата излејте ја во калап (36х24 см) обложен со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени (или на пониска температура, во зависност од рерната), 15-тина минути.
Проверете со чепкалка. Кога ќе се подизлади внимателно отстранете ја хартијата.
Одвојте ги белките од 12 јајца и пенасто изматете ги додека да добиете цврсто „шне“ со постепено додавање на шеќерот во прав. На крај треба да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе се преврти садот.
Во поголем сад ставете ги сечканите ореви, сувото грозје и брашното и сето добро измешајте го. Постепено додавајте ја оваа мешавина во снегот од белки и мешајте со лажица.
Плех со иста величина како и за претходната кора, намастете го и распоредете ја приготвената смеса во него.
Убаво израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 15-тина минути, или на нешто понисла температура, малку подолго. Испечената кора оставете ја целосно да се олади, а во меѓувреме пригответе го филот.
На пареа растопете го чоколадото и оставете малку да се олади. Во тенџере ставете нешто помалку од половина литар млеко, а во остатокот разматете го пудингот и додајте ванила. Оставете да зоврие.
Додека млекото се вари изматете ги жолчките со шеќерот. Штом зоврие млекото намалете ја температурата и додајте го разматениот пудинг и варете додека да згусне, непрекинато мешајќи.
Во изматените жолчки матејчи со миксерот додајте неколку лажици од врелиот пудинг (за да се стоплат јајцата без да се згрутчат), па потоа целата смесата соединете ја со пудингот.
Изматете го омекнатиот путер на собна температура со шеќерот во прав, па соединете го со оладениот пудинг на иста собна температура. На крај додајте го растопеното и подизладено чоколадо и повторно соединете. Изладените кори пресечете ги на половина по должина.
РЕДЕЊЕ: кората со мелени ореви ставете ја на рацна и премачкјате ја со четвртина од филот. преку филот ставете кора со сечкани ореви, па и неа премачкјате ја со четвртина фил.
Повторете ја постапката и завршете со кора од сечкани ореви и премачкјате со дел од остатокот од филот, а дел ставете во готварски шприц и декорирајте по желба. / Сооlinarika.сom