Пченкарната излеана пита која во некои краишта се нарекува проја, е кашесто тесто кое се пече како леб, но може да се збогати со сирење, спанаќ или комбинација од сувомеснато и некои други продукти кои се наоѓаат при рака, па да добиете царска пита.




Пченкарното брашно му дава специфичен вкус, мирис и боја и за многумина е омилена пита, особено поради брзата подготовка. Следниот рецепт се приготвува со обично брашно, но секако, по желба може да го помешате и со пченкарно брашно. Главната состојка е јогуртот која и го дава неодоливиот вкус на оваа пита. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл кисело млеко или павлака или густ јогурт, 1 мала лажичка прашок за печиво (5 г) или половина кесичка, 450 г брашно (бело пченично, но може и комбинација од различни житарици), 400 г рендан кашкавал, 40 г путер и 4 јајца. Од зачини, сол и црн пипер по вкус, оригано и други ароматични билки по ваш избор




ПОСТАПКА: На самиот почеток можете да ја вклучите рерната да се загрева на 180 степени, зашто смесата за оваа пита навистина се приготвува за 5 минути. Ќе ви биде потребен и намастен калап со пречник од 22 степени, а според потребите зголемете ги количините на состојките и употребете поголем калап.




ПОСТАПКА: Киселото млеко ставете го во еден подлабок сад. Може да користите цврст јогурт или кисела павлака малку разредена со неколку лажици млеко или јогурт. Веднаш додајте една кафена лажичка прашок за печиво и промешајте.




Путерот растопете го на многу тивок оган/пареа или во микробранова печка, но не смее да биде врел. Течниот путер додајте го киселото млеко, а потоа едно по едно скршете четири јајца претходно отстојани на собна температура.




Зачинете со суво оригано или некоја зачинска, ароматична билка по ваш вкус. Добро изматете со кујнска жица-маталка додека сите состојки да се соединат во хомогена, изедначена мазна смеса. Дури потоа додајте го брашното, најдобро просеано за да биде тестото нежно и воздушесто.




Повторно изматете додека брашното да се инкорпорира во смесата и да нема грутчиња. Кога ќе добиете густо и полутечно мазно тесто, најпосле додајте го ренданиот кашкавал и промешајте за да се распореди. Излејте во подготвениот калап, израмнете и ставете да се пече приближно 40 минути на 180 степени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.