Потребни состојки:
1 кг компир
100 г путер
30 г брашно
3 јајца
100 г кашкавал
200 г кисело млеко
Црн пипер и сол по вкус
Постапка:
Измијте го компирот и сварете го во солена вода. Кога ќе излади излупете го и изрендајте го на крупно. Посолете и распоредете го на намастен и набрашнет плех.
Јајцата добро пенасто изматете ги, па додадете го растопениот путер. Додадете и брашно и црн пипер. Внимателно промешајте и прелијте го компирот.
Наросете со рендан кашкавал, па печете на 180 степени 30 минути. При послужување додадете лажица кисело млеко и како додаток сервирајте сезонска салата.