Како некој заспан џин, вирусот на херпес може да се разбуди во било кој миг. Кога ќе се најде во нашиот организам, останува таму засекогаш и мирува во нервните клетки додека нешто – стресот, исцрпеноста, изложувањето на сонце или некој друг фактор – не го „разбуди“.
Научниците открија дека одредена храна предизвикува појава на херпес на тој начин што го негува заспиениот ѕвер, додека други намирници го изгладнуваат и помагаат да остане во состојба на мирување – што воедно е и крајната цел.
Исто така, би требало да јадете храна која го зајакнува имунолошкиот систем, затоа што кога ќе се разболите сте подложни на нападот на херпес (кој се манифестира во форма на лабијален или генитален херпес). Храната што го зајакнува имунолошкиот систе ве прави поотпорни на херпес.
ШТО ДА СЕ ЈАДЕ
*Млечни производи, месо, риба и друга храна богата на лизин
Научниците открија интересна поjава. Храната што ја содржи аминокиселината (супстанција во состав на протеините) аргинин го храни вирусот на херпес. Но, дејството на аргининот може да го поништите ако јадете храна што содржи друга аминокиселина, лизин. Ако со исхраната внесете повеќе лизин од аргинин, ќе може да го држите херпесот под контрола.
Цел: До 3.000 mg лизин, распоредено во помали дози во текот на целиот ден. Во долната табела видете која храна колку лизин содржи.
ЛУК
Поради многуте антиоксиданти, особено селен, кој го зајакнува имунитетот и има антивирусни својства, лукот треба да се јаде во поголеми количества бидејќи штити од болести како настинка, коjа може да ве измори и да ве направи повеќе подложни на херпес.
Цел: He штедете на лук – јадете го свеж и користете го во јадења. Исечкајте чешне на парчиња и голтајте ги преку денот како пилули. Желудочната киселина ќе го разгради лукот и ќе ги ослободи неговите антиоксиданти додека се движи низ цревата.
Корисен совет: Кога користите лук во рецепти, исечкајте го и оставете да отстои 10 -15 минути пред готвењето, да се формираат неговите лековити соединенија.
Јогурт co активни кутури
Јогуртот од кравјо млеко е полн co корисни бактерии кои го зајакнуваат организмот обновувајќи ја популацијата на добри бактерии во цревата. Истражувањата велат дека јогуртот co активни култури ja зголемува активноста на имунолошките клетки. Иако нема директно да го спречи херпесот, ќе ви помогне да го зачувате здравјето и помалку да бидете подложни на херпес.
Цел: 250 ml дневно. Секогаш земајте Јогурт co живи, активни култури (видете дали во состојките ги има и Lactobacillus addophilus, Streptococcus thermophilus и Bifidobacterium).
СЛАДОК КОРЕН
Еве еден стар лек чија ефикасност е научно докажана. Купете вистински сладок корен од продавница за здрава храна (не оној евтиниот од продавници за слатки). Исечкајте го на многу тенки ленти, ставете го директно на раната и држете го така 10 минути. Ќе ја ублажи болката и ќе го поттикне исцелувањето. Неговото лековито дејство веројатно се должи на антивирусната глицирицинска киселина. Може да најдете и масти и кремови кои ja содржат оваа киселина.
Цел: Ставете го на болните места неколку пати дневно.
ШТО ДА СЕ ИЗБЕГНУВА
Чоколадо, јаткасто овошје, семки и желе.
Оваа храна содржи многу аргинин, кој му пречи на лизинот во борбата против херпес.
Мешунките (вклучително и соја) и интегралните житарки исто така се богати co аргинин, но оваа здрава храна никако не треба во целост да се исфрли од исхраната. Само јадете ја помалку додека трае налетот на херпес.
ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА
ЛИЗИН. Во истражување на Универзитетот Мисури, кај болните од херпес налетите на болеста значително се проретчиле кога земале 1 g лизин дневно во траење од 6 месеци.
Дозирање: Според истражувањата, 1 – З g дневно ги спречуваат симптомите на херпес и може да се консумираат без страв.
Земајте по 1 g дневно трипати на ден без храна.
Предупредување: ако имате зголемен холестерол, обратете се кај лекар пред да почнете да земате додатоци на лизин на подолго време. Според некои исгражувања co животни преголемото количество лизин во организмот (во однос на количеството аргинин) може да го зголеми холесгеролот. Лизинот го има во и форма на крем кој се нанесува директно на раните од херпес Побарајте го во продавници за здрава храна.
Мултивитамин/минерал. Најподложни на напади на херпес сте кога имунолошкиот систем трпи напрегнување, што се случува кога сте под стрес, кога сте исцрпени или слабо се храните. Луѓето кои се под стрес ги трошат резервите на витамините Ц и Б. И апсорпцијата на одредени хранливи материи од храната, како цинк и витамин Е – кои го одржуваат имунолошкиот систем здрав често опаѓа co годините. Мултивитамин/ минерал може да ви помогне да ги надоместите овие хранливи состојки.
Дозирање: Еден дневно. Може да набавите и мултивитамин што се зема два или трипати дневно, со што поредовно го снабдува организмот со хранливи материи, Овие додатоци треба да се земаат со храна, за што подобро да се апсорбираат.
Спречете херпес зостер co одење на пазар
Херпес зостер, вирусот што предизвикува овчи сипаници, може да предизвика херпес подоцна во животот. Овој болен осип, што го карактеризира појава на пликови, може да ви ја покачи температурата и да ве кутне во кревет co недели. Ако сте подложни на херпес зостер, одете на пазар еднаш неделно.
Според едно истражување од Лондон, луѓето кои јадат повеќе од три порции овошје дневно имаат трипати помали шанси да заболат од херпес зостер од оние кои јадат помалку од едно овошје дневно. Се верува дека витамините и другите хранливи состојки од овошјето го држат херпесот под контрола одржувајќи го имунолошкиот систем силен.