Пивтиите со облик на прасе ќе бидат xит на вашата трпеза. Пивтиите се традиционално јадење кои може да се приготват со булјон и желатин, а по желба се додаваат месо, зеленчук или риба. Искусните домаќини си имаат свои рецепти и секоја година си прават вкусна пача или пивтија.
Доколку пивтијата ја приготвувате со желатин и булјон, може да ги бирате состојките во зависност од тоа дали постите или не. Обично се приготвуваат во тепсија со калап со кружен облик, но доколку сакате трпезата да ви биде уште пораскошна, направете ги во облик на прасенца.
Највкусната пивтија (пача) се прави по оригинален рецепт – ОВДЕ.
Ќе ви бидат потребни само чисти пластични шишиња во кои ќе ја излиете приготвената смеса. Доколку приготвувате посна пивтија, тогаш освен освен зеленчуков булјон и зеленчук по избор, наместо говедски или рибен желатин, користете растителен, агар агар. Еве што ви е потребно за класична пивтија:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2.2 кг свинско месо (бут, нозе или по ваш избор), 1 главица кромид, 1 морков, 1 главица лук, 1/2 стебленце целер, 2 зрна црвен или црн пипер, половина лажичка црн пипер во прав, 1 ловоров лист, сол по вкус, 50 г желатин. За декорација: листови шунка, 6 зелени маслинки, 1 зелена салата/марула, 12 каранфилчиња
ПОСТАПКА: Ставете го месото во широко тенџере и прелијте го со вода. Оставете го вака да отстои преку цела ноќ. Потоа истурете ја водата, исчистете го месото уште малку доколку има потреба, па налејте нова вода.
Кога водата ќе зоврие, истурете ја, па налејте нова вода, по можност врела. Кога и по вторпат ќе зоврие водата, додајте исчистен морков во цело парче, а исто така и целерот и кромидот. Поклопете и гответе на ниска температура приближно 4-6 часа.
Еден час пред готвењето додајте црн пипер во зрно, црн пипер во прав и ловоров лист. Кога месото ќе биде целосно сварено (проверете со виљушка, треба да е меко), со помош на решеткаста лажица или маша-штипалка извадете го заедно со зеленчукот.
Посолете по вкус и додајте мелен лук. Оставете да се готви на тивок оган уште 20 минути. За тоа време одвојте го месото од кожата и наполнете го шишето. Насобраната маст отстранете ја од супата со помош на лажица, па врз цедалката ставете салветка и процедете ја.
Желатинот помешајте го со една лаша од добиената бистра супа и оставете настрана 10-тина минути да набубри. Потоа растопете го на пареа или микробранова печка, па вратете го во супата и промешајте.
Оваа течност претурете ја врз месото во шишето, да се исполни до врвот. Малку протресете го шишето и оставете го во фрижидер да отстои преку цела ноќ. Со скалпел исечете го внимателно и извадете ја пивтијата.
Шунката исечете ја со помош на калап, на тркалца, од кои ќе им направите носенца на прасињата, а ќе го прицврстите со помош на каранфилчиња. Од тенки листови шунка направете уши и исто така, прицврстете ги со каранфилчиња. Од маслинки направете им очи. Деталите погледнете ги ОВДЕ.