Полнетите пиперки се традиционално јадење и најчесто се полнат со мелено месо и ориз. Денес, постојат многу модерни верзии на овој рецепт, така што секој си го подготвува филот по сопствен вкус, па можете да направите печени или пржени пиперки, потоа пиперки полнети со сирење и печени во рерна итн.

рецепт 1




Овој рецепт ќе ве воодушеви со својата едноставност. Она што треба да го направите е да ги наполните сировите пиперки со фил од сирење и маслинки и ги ставате во фрижидер. Вкусно предјадење кое не бара многу време или труд, а ќе предизвика големо задоволство кај вашите најмили или кај гостите.




Исто така, филот може да го подготвите по сопствен вкус, а во продолжение прочитајте го нашиот предлог-рецепт со неколку основни состојки. Можете да направите и неколку видови различни пиперки, на пример едните да ги наполните со посен фил, а другите со месо или риба. Еве што ви е потребно за овој рецепт:

рецепт 2 (бонус)




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 пиперки, 5 зелени маслинки, 3 црни маслинки, 50 г чаден лосос (може да се замени со пилешко месо или сувомеснато), малку копар, 150 г фета сирење, 150 г крем сирење (Абц, Президент, Филаделфија)/кисела павлака.




ПОСТАПКА: Пресечете го горниот дел од пиперките, каде што се наоѓа дршката во тенок круг. Кога пиперките ќе се отворат, од нив извадете ги семките, а круговите кои првично ги исековте од дршката исечете ги на помали коцки и ставете ги во еден подлабок сад.




Пиперките треба да се отворат, исто како кога ги подготвувате печени со мелено месо.  Исечкајте ги маслинките (зелените и црните) на тенки кругови, па складирајте ги во садот. Димениот лосос се пропржува сосем на кратко, па се сече на ситни коцки и се соединува со останатите состојки.




По желба, наместо димен лосос, може да подготвите и пилешко месо, претходно пропржено и зачинето. Исечкајте го ситно и копарот. Измешајте ги состојките и додајте го крем сирењето и фетата. Зачинете со сол и црн пипер, по вкус, па соединете.




Наполнете ги пиперките со подготвениот фил до горе и израмнете со задниот дел на лажицата. Ставете ги во фрижидер еден час, додека филот малку да се стегне, па исечете ги на парчиња, кругови со дебелина од 1,5 прст. Пиперките се послужуваат како предјадење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – ПИПЕРКИ ВО БЕЛ СОС: 1 праз, 2 чешниња лук, 2 моркови, 600 г пилешки гради, 4 пиперки, ориз, 250 мл вода, доматна паста од 4 домати, 1/2 лажичка мајчина душица. ЗА БЕШАМЕЛОТ: 40 мл маслиново масло, 3 лажици брашно, 1 литар млеко, 150 г тврд кашкавал, 1/2 лажичка мускантно оревче.

ПОСТАПКА: Исечкајте ги празот и лукот, па пропржете ги на малку масло. Додајте го сечканиот морков и месото, а кога ќе се испржат ставете го и оризот. Оставете да отстои околу 5 минути, а потоа додајте ја доматната паста и водата, сол, црн пипер и зачинете со мајчина душица.




Гответе уште неколку минути, додека оризот да се свари. Исечете ги пиперките на половина и исчистете ги. Се филуваат со филот, па се редат во еден плех. Околу пиперките прелијте со вода и печете ги во загреана рерна на 220°C, околу 40 минути.

Во меѓувреме направете го бешамелот. На маслиново масло пропржете го брашното (погрижете се да не изгори и да нема грутчиња). Истурете го млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне. Зачинете со сол, црн пипер и со мускантно оревче.

Оставете уште 1-2 минути да се готви, па тргнете го од шпоретот. Додајте го ренданиот кашкавал и добро измешајте. Со бешамелот прелијте ги пиперките и вратете ги во рернана 200°C уште 15 минути. Деталите од целата постапка за првиот рецепт можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.