Мајка ми има 60 години, а се чувствува двојно помладо. Тајната за нејзиниот младолик изглед, но и здравје е во следните три рецепти кои секој може да си ги подготви дома. Таа во текот на годината си ги распоредува овие природни препарати според сезоната и на сите им посветува по минимум 1 седмица до 1 месец користење. Не ги конcумирајте сите три природни лекови одеднаш, пишува НМД.мк. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): грст суви дудинки, 2 лажици суво грозје, 2 лажици овесни снегулки, 2 лажици маслиново масло. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 120-150 г суво грозје, неколку суви сливи, 30 г сува сена (чај од сушена сена), 150 мл сируп од шипинки (може да го најдете во аптека).

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 100 г суво грозје, неколку суви сливи, неколку суви кајсии, 5 урми и вода. ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Дудинките исчистете ги од дршките (доколку има).

![]()
![]()
![]()
![]()
Сувото грозје прелијте го со млака вода, на собна температура и оставете да набубри и да се хидрира околу 10-тина минути. Потоа, процедете го од водата и соединете го со дудинките.

![]()
![]()
![]()
![]()
Изблендирајте ги состојките во блендер, додека да добиете фина, хомогена смеса. Во блендерот додајте ги овесните снегулки, па повторно соединете сосе нив. Кашестата смеса префрлете ја во помала тегличка и одозгора прелијте со 2 лажици маслиново масло, па добро измешајте.

![]()
![]()
![]()
![]()

Консумирајте во период од 1-2 месеци, по двапати на ден, по 1 мала лажичка, наутро и навечер од смесата. За два месеци ќе забележите значително подобрување на состојбата, за проблеми со желудникот, но и за проблеми со коски и зглобови.

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Сувото грозје прелијте го со вода, да отстои 10-тина минути, додека да набубри. Потоа, процедете го од водата и ставете го во едно тенџере. Во тенџерето ставете ги и сувите сливи. Одозгора прелијте со вода, повеќе од половина на тенџерето.




Ставете го тенџерето на рингла, вклучена на средна температура и варете околу 10-тина минути. Потоа, додајте го чајот од сува сена и варете уште 5-10 минути. Напитокот процедете го во чиста чаша или стаклено шише, па во него додајте го сирупот од шипинки.
![]()
![]()
![]()
![]()
Соединете ги состојките до изедначување. Пијте по мала ракиена чаша (50 мл) наутро на празен стомак 20 минути пред појадокот и навечер пред спиење најмалку еден час по вечерата.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Сувото грозје и кајсии ставете ги да се хидрираат околу 10-тина минути во обична вода. Потоа процедете ги, па соберете ги сите суви овошја во една поголема тегла. Одозгора прелијте со 1 чаша зовриена вода, па добро затворете и оставете да го испуштат своите нутритивни својства во водата, преку ноќ.

Теглата треба да биде оставена на собна температура, а наутро се процедува и се пие по 1 чаша од напитокот, со тоа што ќе каснете по 1 намирница од сувото овошје, а во текот на денот дозволете си уште две-три овошја, а другите распоредете ги за наредните денови.
Наредниот ден повторно направете си нова количина во истите состојки. Напитокот треба да се пие на празен стомак, по 1 чаша. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.











