Сите беа воодушевени од овие прекрасни колачи кои ги направив за св. Никола. Сите ме прашуваа дали имам резерва во фрижидер за да им донесам уште, а јас не очекував дека ќе излезат толку убави и дека на сите ќе им се допаднат. Рецептот го најдов кај Валентина Машковиќ на нејзиниот канал.




Се подготвуваат многу лесно и едноставно, а може да ги правите посни или масни, и така и така се превкусни. Јас ги пробав вчера посните и од вкусот навистина се воодушевив. За Божиќ ќе ги пробам масните баунти, а еве го рецептот кој сите го бараа. Еве кои состојки ви се потребни, пишува НМД:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г бисквит/плазма, 200 г мелени ореви, 150 г посен маргарин (или путер), 250 г чоколадо, 100 мл сок. ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ: 400 г кокос, 200 г шеќер во прав, 250 г путер/маргарин, 250 мл слатка павлака. ЗА ГЛАЗУРА: 250 г чоколадо, 100 мл слатка павлака, 50 г маргарин/50 мл масло.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете ги мелените бисвкити/плазмата, па веднаш додајте ги мелените ореви. Маргаринот соединете го во посебен сад со скршеното чоколадо и заедно растопете ги на пареа или во микробранова печка. Мешавината истурете ја во смесата со суви состојки. Промешајте и на крај додајте го сокот (по ваш вкус, да биде светла боја).




Јас користев газиран сок. Треба да добиете изедначена и компактна смеса која лесно се обликува под раце. Истресете ја во плех обложен со хартија за печење, со димензии 25х33 см. Јас во смесата додадов уште 100 мл сок зошто беше сува, а треба да има конзистенција на влажен песок.




Израмнете ја смесата во плехот, па ставете го настрана и почнете со подготовка на филот. ЗА ФИЛОТ: Соединете го кокосот со шеќерот во прав. Земете друг сад и во него ставете 150 г путер/маргарин и 200 г слатка павлака. Ако постите, купете растителна слатка павлака од доброснабден супермаркет или продавница за здрава храна.




На ниска температура стопете го путерот со слатката павлака, па прелијте преку кокосот и шеќерот во прав. Измешајте ги состојките. Ако кокосот е сув или покрупен, додајте уште 100 г растопен путер/маргарин со 100 мл слатка павлака, за подобро да се хидрира.




Кога ќе добиете маса која има добра конзистентност, нанесете ја на истиот начин врз чоколадниот бисквит и добро израмнете. На крајот направете ја глазурата така што ќе ги споите чоколадото, слатката павлака и маслото/маргаринот. Излејте ја глазурата преку колачот и ставете во фрижидер да се олади минимум 2 часа.




Кога колачот ќе се стегне, исечете го на правоаголници и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.