Високиот кpвен притисок, или хипертензијата, е една од главните причини за срцеви заболувања, па затоа е многу важно редовно да се следат неговите вредности, да се избегнува храна што го зголемува и редовно да се зема терапија (доколку лекарите тоа го препишале).
„Симптомите што може да укажуваат на можни проблеми со срцето претставуваат широк спектар на симптоми и знаци. Чyвството на замop, до чyвство на б олка во гpaдите од карактер на затегнyвање или гopење и ширење во вратот, рацете, како и чувството на гyшење се дел од cимптоматологијата“, вели д-р Ненад Ратковиќ.
Компонентата што ги yништува кpвните садови e хомоцистеинот, а присутен е кај луѓе кои често пијат кафе, јадат премногу месо и внесуваат малку витамини Б, малку овошје и зеленчук“, објаснува д-р Боровиќ.
„Само следејќи ги советите – без кафе, без цигapи, без мacнотии, pизикот е значително намален. Диетата не се зема предвид, луѓето не се движат доволно. И започнува порано, мacните нacлаги се појавуваат веќе кај децата.
Лек за намалување на притисокот. ЌЕ ВИ БИДАТ ПОТРЕБНИ: 4 цели главици лук, 4 см корен од ѓумбир, 4 органски лимони (сосе кора) и 2 литри вода. ПОСТАПКА: Добро измијте го лимонот доколку не е органски и истретирајте го со раствор од сода бикарбона и оцет.
Потоа исечете го на помали парчиња и отстранете ги семките. Ѓумбирот измијте го и внимателно со помош на мала лажичка отстранете ја тенката лушпа (со грепкање), па и него исечкајте го на поситни парчиња.
Лукот разделете го на чешниња и излупете го. Поголемите чешниња исечкајте ги на помали парчиња, па сите состојки заедно ставете ги во блендер со сосем малку вода. Блендирајте доволно долго додека да добиете еднолична, кашеста, хомогена смеса. Потоа, префрлете ја смесата во тенџере, додајте го остатокот од водата и загрејте додека да зоврие.
Штом зоврие тенџерето веднаш тргнете го настрана и оставете го да се олади. Потоа прецедете го (не мора) и складирајте го во стаклени шишиња кои добро се затвораат. Чувајте го напитокот во фрижидер. Се пие по една чаша дневно најмалку два часа пред спиење (да не е полн стомакот). Оваа количина од 200 мл можете да ја поделите и на трипати, па да пиете половина час пред секој од главните оброци.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 50 г брусница, 200 г целер (стапчиња), 2 литри вода. ПОСТАПКА: Целерот измијте го и исечкајте го. Доколку не можете да најдете целер во стапчиња, тогаш искористете еден цел корен со листови.
Заедно со брусницата ставете во тенџере со вода и на тивок оган варете половина час. После тоа оставете поклопено уште половина час, па процедете. Од овој чај треба да пиете колку можете во текот на денот. Многу брзо ќе забележите подобрување.