Во продолжение може да прочитате 4 рецепти за многу вкусни салати кои може да ги подготвите за празниците кои доаѓаат.

Секоја од нив има уникатен вкус и е посебна на свој начин. Не ви се потребни многу состојки за да ги направите и целата постапка за сите салати ќе ви одземе по 5-6 минути. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 кисели краставици на ленти, 1 свежа краставица, малку копар и магдонос, 200 г грашок, сол, црн пипер (по вкус), маслиново масло по вкус).

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г пилешко филе, 50 г кашкавал, 150 г моркови, 200 г конзервиран бел грав, 1-2 лажици мајонез.

ПРВ РЕЦЕПТ
ВТОР РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 100-150 грама зелка, 70 г кашкавал на коцки, 250 г варено свинско месо, 100 г зелен грашок, мајонез.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): 70 г кашкавал на коцки, 1/2 пиперка, 1 кисела краставица, 1 јаболко, 1 мандарина, 1 лажица мајонез, 2 лажици кисела павлака, 1 лажица сенф, малку сол, копар, магдонос.

ТРЕТ РЕЦЕПТ
ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ):

Оваа салата е една од најбрзите, а толку е вкусна, што ќе сакате целата да ја изедете. Најпрво сварете го грашокот додека да омекне во тенџере со вода. Исцедете го од водата и оставете да се олади.

Во меѓувреме, 2 кисели краставици исечете ги на ленти, па потоа на ситни коцки.

Складирајте ги краставичките во еден подлабок сад, а потоа на истиот начин исечете ја и свежата краставица.

Настрана подгответе малку копар и магдонос и исечкајте ги што поситно. Складирајте ги сите состојки во садот и одозгора прелијте го оладениот грашок.

Посолете ја салатата по ваш вкус и додајте црн пипер по вкус. Измешајте подеднакво и салатата е подготвена за послужување. Можете да ја складирате во помали садови за да ја распоредите на повеќе места на трпезата.

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ):

Пилешкото филе сварете го во вода, додека да омекне. Потоа извадете го од тенџерето и оставете да се олади, па исечкајте го на ленти и ситни коцки.

Ставете го месото во подлабок сад, па исечкајте го кашкавалот на тенки листови, а потоа на квадрати.

Морковите изрендајте ги и дополнително исечкајте ги уште еднаш или двапати. Складирајте ги наведените состојки во садот и одозгора ставете го готовиот грав.

Измешајте ја салатата, па додајте 1-2 лажици мајонез. Соединете и дегустирајте ја, во случај да фали сол.

ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Изрендајте ја зелката, па дополнително исечкајте ја на потенки парчиња. Кашкавалот исечкајте го на ситни коцки.

Месото сварете го и исечкајте го на коцки, претходно зачинете го по вкус (може и да го испржите, ако така ви е повкусно/полесно).


Складирајте ги сите состојки, па додајте го варениот грашок (претходно сварен). На крајот зачинете по вкус и ставете 1-2 лажици мајонез. Соединете ги состојки, додека да се добие кремаста салата, која може веднаш да ја послужите.

ПОСТАПКА (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): Оваа салата можеби е необична, но ве уверуваме дека е многу вкусна и освежителна. Кашкавалот исечкајте го на коцки, како и претходно.

Пиперките исечете ги на ленти, па потоа на ситни коцки. Краставицата исечете ја исто како пиперката.

Јаболкото исечкајте го на ситно коцки, а мандарините одвојте ги секое посебно, па исечкајте ги на половина. Соединете ги состојките, па прелијте со дресингот од крем сирење/павлака и мајонез.

На крајот ставете малку сенф, ситно сечкан магдонос и копар, посолете по вкус и соединете ја салатата додека да стане кремаста.

Послужете ги салатите и напишете која ви била највкусна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.