Рецептот за оваа старинска торта со ореви го имам веќе 20 години и сѐ уште ми е омилен. Памтам дека баба ми ја правеше само за празници и некои поголеми свечености, бидејќи и самата торта е посебна.
Се јадеше само во специјални денови, а јас и брат ми со нетрпение чекавме баба да ја направи, за да изедеме по 2-3 парчиња. Јас сега редовно ја подготвувам и на никој му се нема здосадено овој фантаcтичен вкус.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА (ПРВ РЕЦЕПТ): 10 јајца, 150 г шеќер во прав, 200 г мелени ореви, 1 лажица брашно, 100 г рендано чоколадо, 1 лажичка инстант или обично кафе (неварено). ЗА ФИЛ: 1/2 шолја вода (100 мл), 150 г шеќер, 100 г чоколадо, 170 г путер/маргарин, 70 г шеќер во прав, 1 јајце. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 100 г крупно рендано чоколадо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 мл зовриена вода, 300 г мелени ореви, 250 г несолен путер, омекнат на собна температура, 220 г шеќер во прав, 250 мл млеко, 2-3 лажици рум (наместо рум може и сок од портокал или 1 лажица екстракт од рум), 580 г петит кекси, ореви за наросување, половина мелени, половина сечкани.
ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Бисквитот подгответе го на следниов начин: одделете ги белките од жолчките. Во садот каде што сте ги ставиле жолчките истурете го шеќерот во прав и изматете пенасто со миксер, додека шеќерот да се растопи и да се зголеми волуменот.
Додајте ги оревите кои претходно сте ги сомелеле, брашното, ренданото чоколадо и една лажичка инстант кафе (може и Нескафе). Измешајте со лажица додека да се изедначи. Белките пенасто изматете ги во цврст снег (со чисти и суви маталки) и додајте ги во претходната смеса од жолчки која веќе сте ја соединиле.
Соединете ги овие две смеси со бавно мешање со лажица/шпатула, па добиената смеса распоредете ја во кружен калап (со пречник 26 см) и печете приближно 45 минути во загреана рерна на 150°C (проверете со чепкалка). По печењето, бисквитот оставете го целосно да се излади, па со конец или внимателно со нож пресечете го напречно на два еднакви делови за да добиете две кори.
ПОСТАПКА ЗА ФИЛОТ: Во тенџере ставете ја водата да зоврие со шеќерот и чоколадото околу 1 минута – додека да се запени. Промешајте и оставете да се излади настрана. Посебно изматете го путерот со миксер, додајте го шеќерот во прав, па додајте го изматеното јајце.
Добиената смеса соединете ја со претходната (чоколадната) и лесно измешајте со лажица. Редење и декорирање: Кога филот и кората ќе се изладат, на долната кора намачкајте со подебел слој од филот, потоа ставете уште една кора и со преостанатиот фил премачкајте ја тортата одозгора и од страните. Декорирајте со крупно рендано чоколадо. /Сооlinarika.сom Прочитајте ја постапката и за вториот рецепт:
ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Оревите попарете ги со 250 мл зовриена вода, мешајте една минута додека да се соедини смесата, па тргнете го садот од оган и оставете го настрана целосно да излади. Во меѓувреме пенасто изматете го путерот. Додајте шеќер во прав и продолжете со матење додека да стане кремаст.
Во изматениот путер додајте ги целосно изладените ореви и убаво соединете. Филот поделете го на четири еднакви делови. Бисквитите натопувајте ги во млеко со рум (или во сок од портокал) и редете ги во правоаголен калап, во 4 реда по 5 бисквити (20 бисквити во еден ред).
Преку секој ред нанесете ¼ фил. Најгоре и странично наросете мелени и сечкани ореви. Пред сечење и послужување тортата треба да отстои во фрижидер, најдобро преку ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.