Оваа „салама“ од кокос која се сече на ситни вкусни залак-колачиња, ја правеше мојата свекрва многу често. Рецептот го пронајдов во нејзиниот бележник и одлучив да го испробам, за да видам дали е тоа тој колач на кој се сеќавав.

рецепт 1




Затоа сега го објавувам, зашто многу е вкусен, декоративен, а лесен и брз за правење. За подготовка се потребни 7,5 минути, а поради тоа уште повеќе го сакам. Буквално, додека го варите кафето можете да го приготвите овој колач и секогаш да си имате дома нешто многу вкусно. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 (кокос салама) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г бисквити по ваш избор, 150 г кокос, 50 г путер, 200 г шеќер, 100 мл млеко. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г чоколадо за готвење, 50 г путер, 2 лажици масло за готвење (може и кокосово масло)

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (триаголници од кокос и чоколадо) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г путер, 100 г шеќер, 125 г мелени бисквити, 100 г мелени бадеми, 50 г чоколадо, 3 лажици чоколадо во прав. ЗА БЕЛ СЛОЈ: 5 лажици вода, 4 лажици шеќер, 120 г кокос, 75 г бело чоколадо, 100 г путер, 100 г шеќер во прав

рецепт 2




рецепт 1

ПОСТАПКА за рецепт 1: Бисквитите искршете ги на помали парчиња и стравете ги во муктрипрактик да се сомелат. Додајте ги останатите состојки и повторно вклучете го мултипрактикот. Извадете ја смесата и веднаш формирајте саламчиња, ролати или форми по ваш избор.




рецепт 1

Од оваа смеса јас добив четири саламчиња со приближна должина од 20 центиметри. Растопете го чоколадото, додајте путер и масло, па прелијте преку саламите. Оставете чоколадото да се стегне и тоа е тоа. Сечете на помали парчиња и вашите колачи се готови. Саламите е најдобро да се чуваат во фрижидер. Ако сакате да ги приготвите триаголниците со кокос и чоколадо, следете ја оваа постапка:

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 2: путерот и шеќерот растопете ги на тивок оган со мешање. После 3-5 минути непрекинато мешање треба да добиете густа хомогена смеса. Додајте ги мелените кекси, бадемите, чоколадото во прав и ренданото чоколадо, како и лажица рум. Добро измешајте за да се соединат состојките.

рецепт 2




ЗА БЕЛ СЛОЈ: Водата и шеќерот растопете ги на оган, па додајте го кокосот и белото чоколадо. Добро промешајте за да се соедини. Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го заедно со шеќерот, па додајте ја смесата со кокос и убаво изедначете.

рецепт 2




Калапот со облик на триаголник (35х9 см) или некој помал правоаголен калап за леб, малку намастете го и обложете го со проѕирна фолија. Во него најпрво распоредете половина од чоколадната смеса и добро втиснете ја за да нема празнини.




Врз чоколадниот слој распоредете ја смесата со кокос, а потоа остатокот од чоколадниот дел. Сето убаво распоредете и рамномерно израмнете. Калапот затворете го со проѕирна фолија и оставете да се олади и стегне во фрижидер, најмалку 3 часа. Од смесата можете да правите и топчиња или форми по ваш избор. / Сооlinarika.сom